Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Тажен ден за работниците:Coca-Cola најави затворање на фабриката

„Ова е тажен ден во тешки времиња за работниците на Coca-Cola“, рече синдикалецот

Coca-Cola планира да отпушти 410 работници во Германија, објави германската филијала на американскиот прехранбен гигант.

Компанијата планира до крајот на годината да ја затвори фабриката во Хам, Северна Рајна Вестфалија, во која моментално се вработени 82 работници.

Половина од работните места во фабриката ќе бидат затворени, а другите работници, како што се консултанти за продажба, ќе останат во регионот, но ќе бидат преместени на други локации.

Повеќето од работниците кои ги полнат автоматите и ги сервисираат ќе добијат отказ, а моментално работат низ цела Германија и организациски се распоредени на одредени локации.Досега Coca-Cola полнеше и сервисираше автомати во Германија, а во иднина овие работни места ќе им ги препушти на подизведувачите.

Компанијата во вторникот соопшти дека ќе се обиде да ги отпушти работниците „под најприфатливи социјални услови, врз основа на новиот колективен договор“.

Синдикатот на вработени во храна, пијалаци и угостителство (НГГ) е разочаран од одлуката на компанијата.

„Ова е тажен ден во тешки времиња за работниците на Coca-Cola“, рече синдикалецот Фреди Аџан.

„Заедно со работничките совети ќе работиме на изнесување алтернативни предлози и осмислување општествено прифатливи решенија со цел да се ублажат последиците од овие драстични планови“, додаде Аџан.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement