Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Современ телефон за љубителите на ретро естетиката

Ако ви недостасува брендот Vertu и целата нивна магија, имаме одлични вести за вас…

Поранешниот директор за дизајн на овој бренд, Хач Хачинсон, заедно со неколку поранешни вработени, одлучил да лансира ексклузивни паметни телефони преку неговиот нов бренд, Xor. Хачинсон го претстави Xor Titanium како прва новина на брендот. Дизајниран како ретро верзија, телефонот нуди говорни повици преку 2G/3G конекции, како и СМС пораки. Понатаму се одликува со активна заштита од бучава, безжично полнење и батерија што може да трае пет дена со само едно полнење.

Со главен фокус на сајбер безбедноста, уредот Xor е идеален за деловна комуникација. Две лица кои поседуваат ист модел на телефон ќе можат да зборуваат и разменуваат пораки со енкрипција на ниво на хардвер. Уредот исто така ви овозможува да поставувате различни мелодии за шифрирани и редовни повици, и доаѓа со специјален клуч за бришење податоци од далечина.

Естетски, моделот Xor Titanium изгледа како старата Nokia. Се произведува во Европа и ќе чини 3.900 американски долари, додека датумот на испорака на првите модели најверојатно е во првиот дел од следната година.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement