Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Руските резерви на злато и меѓународни валути се повисоки од кога било досега

Москва може да се пофали со своите меѓународни акции, кои и даваат значителна предност, бидејќи се чини дека ќе се соочи со многу остри санкции…

Златните и девизните резерви на Русија достигнаа историски максимум од 643,2 милијарди долари од 18 февруари, покажуваат најновите податоци на централната банка на земјата. Резервите скокнаа за 3,6 милијарди долари во однос на претходната недела, според регулаторот, земајќи го предвид фактот дека растот од 0,6 отсто се должи на позитивната реевалуација на пазарот.

Девизните резерви на Русија, кои се високоликвидни девизни средства што ги чуваат Банката на Русија и владата на оваа земја, се состојат од странски валути, посебни права во Меѓународниот монетарен фонд и монетарно злато.

Минатата година, девизните резерви на Русија скокнаа за речиси шест отсто, додека Централната банка на Русија има цел од 500 милијарди долари кога станува збор за меѓународните резерви. Русија првпат го премина тој праг во 2008 година, со 598 милијарди долари, додека во годините потоа, вредноста на резервите опадна неколку пати – достигнувајќи дури 356 милијарди долари во 2015 година, по кризата на нафтениот пазар во 2014 година. Сепак, оттогаш вредноста на резервите е речиси двојно зголемена.

Во изминатите неколку години, руската влада и Централната банка го намалија влијанието на американскиот долар на нивниот пазар, преобликувајќи ги нивните меѓународни акции во согласност со другите странски валути и златото. Меѓународните рејтинг агенции претходно изјавија дека овие финансиски резерви би можеле да и помогнат на Русија да се справи со сите санкции со кои се соочува сега.

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement