Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Риана и официјално меѓу првите на листата на ,,Форбс”

Ријана официјално стана милијардерка и најбогата женски музичар на планетата…

Пејачката, чие вистинско име е Робин Фенти, е глобален феномен, но некои сепак можат да бидат изненадени од вредноста на нејзиното богатство. Според списанието „Форбс“, нејзиното богатство се проценува на 1,7 милијарди долари! Според ова издание, најголем дел од парите доаѓаат од нејзината империја за убавина, Фенти Бјути, каде што поседува 50 проценти од акциите во компанијата. Остатокот од богатството доаѓа од нејзиниот бренд за долна облека, Savage x Fenty, кој вреди 270 милиони долари и нејзината музичка кариера. Така Ријана го зазеде второто место, веднаш по Опра Винфри, како најбогата ентертејнмент ѕвезда во светот.

Но, Рири не е единствената која ужива во зголемувањето на своето богатство во последно време. Претходно оваа година, беше откриено дека Конор Мекгрегор ја презеде водечката позиција на листата на Форбс за најплатени спортисти, заработувајќи неверојатни 180 милиони долари во период од 12 месеци.

Мекгрегор на тој начин ги престигна Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Луис Хамилтон, заработувајќи 147 милиони долари од продажбата на неговата марка виски, Proper 12. Покрај тоа, тој заработи околу 20 милиони долари во рингот, со што славниот Ирец се искачи на самиот врв на оваа елитна листа. На неговата заработка може да се додадат бројни договори за рекламирање со компании како што се Draft Kings, Burger King и Monster Energy.

Од почетокот на пандемијата на Kорона вирус, само тројца спортисти заработија 100 милиони долари покрај него и покрај фактот што спортските настани не се одржаа поради антивирусни мерки, што доведе до недостаток на спонзорски договори. Лионел Меси и Кристијано Роналдо му се придружија на Мекгрегор на оваа листа, заедно со бекот на НФЛ, Дак Прескот од тимот на Далас Каубојс.

Покрај нив, во топ 10 листите се Луис Хамилтон, sвезда во Формула 1, Леброн Џејмс од НБА, Том Брејди и Кевин Дурант.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement