Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

НА АУКЦИЈА APPLE 1 КОМПЈУТЕРСКИ ПРОТОТИП НА СТИВ ЏОБС ОД 1976 год…

Доколку сте љубител на производите на Apple, имаме одлични вести за вас!

Оригиналниот Apple Computer A, прототипот за првиот компјутер на брендот, е пуштен на продажба, а може да биде ваш доколку имате половина милион долари да потрошите.

Овој компјутер се мислеше дека е засекогаш изгубен, но сега се продава на аукција од RR Auction. Наддавањето за иконскиот производ започнува од 278.005 долари, но неговата конечна цена се очекува да биде најмалку 500.000 долари.

Прототипот беше рачно залемен од страна на ко-основачот на Apple, Стив Возниак во 1976 година, кога компанијата беше основана. Создаден е за Apple-1, првиот производ на брендот кој се нуди како преклопена табла без тастатура или монитор. Ставката доаѓа како плочка покриена со чипови и жици, со зборовите „Apple Computer A ©76“ печатени на неа.

За аукцијата, директорите на RR Auctions рекоа: „Неколку артефакти на Apple може да се сметаат за ретки, рани или историски како овој прототип на Apple-1. Тоа е совршено олицетворение на симбиозата помеѓу Стив Џобс, Стив Возниак и Силиконската долина – брилијантниот бизнисмен, Ајнштајн на електрониката и инфраструктурата во која тие напредуваа“.

Автентичноста на овој прототип е утврдена преку фотографија направена од Пол Телер во 1976 година и автентицирана од Кори Коен.

Понудите во моментов се отворени на официјалната веб-страница на RR Auction до 19 август.

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement