Таа едноставно не може, а да не фрли на колена, нема ниту една лоша фотографија од неа.
Иконата за стилот на модерната ера e многу повеќе отколку како актерка, така и од моден арбитер. Витка по раст, со струк од неверојатни 50 сантиметри и секогаш елегантна во креациите на нејзиниот омилен дизајнер Givenchy, таа e олицетворение на идеалот на женственоста. Таа поседуваla неодолив шарм, љубезност, големо срце и пред сè ретка дама со елеганција и софистицираност кои се издигнуваше над холивудското секојдневие од скандали и сензации.
Веројатно затоа што го изгубила татко ѝ рано, таа придавала големо значење на семејството и семејниот живот. Посветејќи им се на своите деца, таа се грижеше и за останатите деца во светот, кои неуморно ги посетуваше како амбасадор на УНИЦЕФ.
Родена е Одри Кетлин Рустон во 1929 година во Брисел. За време на нејзиното детство, нејзината мајка, баронесата Ела Ван Хемстра, ја научила на бонтон и аристократски манири, велејќи ѝ дека најсилното оружје за жената е женственоста и насмевката.
Таа се преселила во Европа со нејзината мајка, живеела во трошни станови, додека обајцата работеле на разни работни места за да преживеат. Одри во исто време посетувала балетско училиште, а по крајот на Втората светска војна, тие се преселија во Лондон.
„Како актерка, можев да заработам три фунти повеќе отколку како балерина, така што актерската кариера беше најдоброто решение“, рече таа во една прилика.
Во Холивуд, сите слушнаа за Одри во 1953 година, благодарение на нејзината улога во легендарниот филм „Roman Holiday“. Следуваше преселба во Лос Анџелес, договор со филмското студио Парамаунт, а остатокот е историја.
Фотографиите што ви ги претставуваме во галеријата се направени на сценографијата на филмовите War and Peace и The Nuns Story, а на јавноста им била дадена можност за прв пат да ги види, бидејќи наскоро одат на јавна лицитација.
 
						
									
 
								
				
				
			








 
 
 
 
 
 
 
				 
				 
				 
				 
				 
				 
				