Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Најскапите видео игри на сите времиња

Што е потребно за да се направи добра игра? Изгледа, многу пари. За развој на некои игри потребни се десет години, а нивниот буџет може лесно да надмине 100 милиони долари, што е повеќе од поголемите модерни филмски продукции. Во последниве години, се повеќе и повеќе игри имаат големи буџети со надеж дека ќе заработат импресивно кога ќе се појави конечната верзија. Некои игри не успеваат во оваа стратегија, но некои игри сепак се успешни во овој подвиг. Ова објаснува зошто некои од најуспешните игри се претежно скапи за развој.

Официјалните буџети често не се откриваат, што ги наведува играчите да шпекулираат за тоа колку е потрошено за трошоци за маркетинг и развој. Можно е да се процени колку чинат некои од најголемите наслови во индустријата. Следниве се примери на најскапи игри некогаш создадени, а со оглед на вложеното време и напор, некои од овие наслови претставуваат вистински уметнички дела.

Dead Space 2 ($120 милиони) – Иако играта не постигна голем комерцијален успех, во неа беа вложени многу време и пари. Насловот е направен од Visceral Games, а издавач е Electronic Arts, кој ја издаде играта во 2011 година за PC, PS3 и Xbox360. Се верува дека приближно половина од овој буџет се наменети за маркетинг цели.

Shadow of the Tomb Raider ($135 милиони) – Ова е дванаесетти наслов на франшизата Tomb Rider и беше лансирана во 2018 година. Создаден е од Eldos-Montreal и објавен од Square Enix. За разлика од некои наслови на овој списокот, Shadow of the Tomb Raider потроши околу три пати повеќе на развој отколку маркетинг.

Destiny ($140 милиони) – Мултиплеер „пуцачина“ е објавена во 2014 година на повеќето платформи. Играта се продаде многу добро во првите пет дена и по тој повод компанијата заработи над 325 милиони. За жал, одлуките на креаторите беа одбиени од се повеќе играчи како одминуваше времето, но сигурни сме дека Activision го отплати првичниот долг повеќекратно.

Grand Theft Auto 5 ($265 милиони) – Најпознатата серија на Rockstar излезе во 2013 година, a играта ѝ денес забавува голема број на играчи. Тим од околу 250 вработени работеле на оваа видео игра, а процесот на креирање траел околу пет години. Се верува дека многу повеќе се потроши за развој на GTA отколку за маркетинг, но играта дефинитивно ги врати влоговите и веруваме дека таа ќе продолжи да собира профит сè додека не се појави во иднина новата GTA.

Во исто време кога зборуваме за овие огромни милиони, добро е да се запамети дека денес на пазарот има успешни игри создадени од еден човек или мал тим од програмери, често со многу мал буџет.

Прочитај

____celebrity

Семејството на Бритни Спирс наводно е крајно преплашено за неа откако ја видело снимката од нејзиното опасно возење по вечерното излегување со пријателка. Семејството...

Cotton Club

Црната ролка е безвременски дел од гардеробата што станува омилен избор секоја есен. Со овие неколку совети, секој ќе го пронајде својот совршен модел....

Green Tea

Јадете го ова пред спиење и гледајте како мастите исчезнуваат преку ноќ – не е потребна диета! Спиењето е клучот за здравјето, но дали...

Green Tea

Човечкото тело е изложено на оксидативен стрес секој ден – процес во кој се создаваат вишок слободни радикали кои можат да ги оштетат клетките...

Advertisement