Во свет без кoрона, многумина од нас сега полека би планирале да се вратиме дома од некоја далечна дестинација или од светската метропола каде ги поминавме празниците…
Сепак, како што веќе знаете сите, тоа не беше можно оваа година. И покрај тоа, списокот на најмоќни пасоши во светот повторно виде светло на денот. Оваа анализа е направена од страна на Henley Passport Index, годишно рангирање на светски пасоши засновано врз меѓународни пристапи, односно можност носителот на пасош да влезе во земја без виза.
Според ова истражување, Јапонците во моментов се најсреќни, со можност да посетат дури 191 земја без да аплицираат за виза. На второ место се граѓаните на Сингапур, со 190 земји кои не бараат ништо повеќе од пасош. И покрај Брегзит, пасошите во Велика Британија се искачија за едно место повеќе од претходната година, додека пасошите на САД ја задржаа својата позиција.
Иако пред појавата на вирусот корона, глобалната мобилност се очекуваше да се зголеми, заедно со поголема слобода на патување, ситуацијата не одеше според планот, бидејќи многу земји мораа да ги затворат своите граници за сите патници како дел од мерките за спречување пандемија. Затоа, бројот на земји што можете да ги посетите беше десеткуван.
Ви откриваме кои пасоши ќе бидат најмоќни во светот оваа година:
- Јапонија – 191 земја
- Сингапур – 190 земји
- Германија и Јужна Кореја – 189 земји
- Финска, Италија, Луксембург и Шпанија – 188 земји
- Австрија и Данска – 187 земји
- Франција, Ирска, Холандија, Португалија и Шведска – 186 земји
- Белгија, Нов Зеланд, Норвешка, Швајцарија, Велика Британија и САД – 185 земји
- Австралија, Чешка, Грција и Малта – 184 земји
- Канада – 183 година
- Унгарија – 182 година
