Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

НАЈВРЕДНОТО „ВСЕЛЕНСКО“ ПАРЧЕ ПРОДАДЕНО ЗА 2,8 МИЛИОНИ ДОЛАРИ…

Јакната што ја носеше астронаутот Баз Олдрин на летот на Аполо 11 стана најскапиот вселенски предмет продаден на аукција!

Познатата јакна достигна „астрономска“ цена од 2,8 милиони долари на аукцијата на Sotheby’s одржана оваа недела во Њујорк, станувајќи највредниот предмет во својата категорија, по интензивната десетминутна „тепачка“ меѓу заинтересираните страни.

Иако името на купувачот останува непознато, според аукциската куќа, цената „лесно“ ја надминала проценката на експертите кои очекувале јакната да се продаде меѓу милион и два милиони долари.

Пред почетокот на аукцијата, самиот Баз Олдрин на својот личен профил на Твитер објави објава поврзана со патување кое се случило пред 53 години.

Да се потсетиме дека претходниот рекорд за највреден предмет што се нашол во вселената беше „месечевата вреќа за прашина“ на Аполо 11, која беше продадена за 1,8 милиони долари во 2017 година.

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement