Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Мајка на сите грабежи: Крадците украле маркици и калиграфи во вредност од 516 милиони долари

Судејќи според ова, 2020 година е навистина лоша година за сите…

Како и да е, за Фу Чунсијао, колекционер од Хонг Конг, на кого крадците среде бел ден му однеле колекција марки и калиграфи, вредна 516 милиони долари. Полицијата во Хонг Конг моментално трага по тројцата мажи кои го извршија најголемиот грабеж во историјата на овој град, провалувајќи во неговиот стан. Украдената уметничка роба е во вредност од четири милијарди хонкошки долари , и вклучува калиграфија на претседателот Мао Це Тунг, пет исклучително вредни стари марки, како и револуционерни предмети кои потекнуваат од Кина.

Фу е член на филателистичката асоцијација Хонг Конг, а тој бил во Кина кога разбојници влегле во неговата зграда, насилно отвориле железна порта и провалиле низ дрвена врата, обезличувајќи го неговиот стан. Според обвинувањата, Фу го користел станот во Хонг Конг како магацин, а поради ограничувања на патувањето, не можел да оди во Хонг Конг и да даде официјална изјава во врска со грабежот.

Полициската истрага открила дека грабежот не изгледал како дело на професионалци. Според наводите, како што велат од полицијата, многу е можно разбојниците да добиле информација дека закупецот не е во градот и дека чува скапоцености во својот стан. Во моментов полицијата трага по две од трите лица кои биле видени на безбедносните камери додека излегле од зградата. Не толку одамна, Фу организираше изложба на марки Мао Це Тунг во Хонг Конг, прикажувајќи повеќе од 200 вредни предмети од неговата лична колекција.

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement