Ако некогаш сте чуле за електричниот Walkcar, сигурно сте биле разочарани од информацијата дека е достапен само за јапонскиот пазар. Но, веќе не.
„Cocoa Motors“, кое го произведува необичното возило, моментално започнува продажба низ целиот свет, по цена од 1.980 долари.
Walkcar е со иста големина како лаптоп, има четири тркала, независна суспензија, минијатурни батерии (68Wh) и два електромотори.
Може да се смести во ранец
Е-скутерот, да го наречеме така, го контролира наклонот на телото во одредена насока. Силата на електромоторот се пренесува на предните тркала, а Walkcar има два режима на брзина – Спорт (16 км на час) и Еко (10 км на час).
Необичното возило е тешко 2,9 килограми и може да се смести во ранец, пренесува порталот Електрек.
Доколку на сликата ви изгледа нестабилно, погледнете го следново видео и уверете се во неговите можности во урбаните средини.
