Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Канjе Вест е најбогатиот црнец во историјата на САД

Канје Вест е официјално признат како најбогатиот црнец во историјата на САД.

Според Блумберг, богатството на 43-годишниот рапер, чии хит синглови „Stronger“, „Heartless“ и „Gold Digger“ е „тежок“, приближно 6,6 милијарди долари.

Пред една година, Вест беше официјално признат како милијардер благодарение на неговиот успешен моден бренд Yeezy и неговиот повеќегодишен договор со брендот за облека Gap.

Познатиот рапер е можеби најпознат по своите култни патики Yeezy, според проценката брендот има вредност помеѓу 3,2 и 4,7 милијарди долари, според Business of Fashion.

Новата заедничка соработка со брендот GAP, која ќе биде претставена во текот на летото, според предвидувањата на аналитичарите може да достигне вредност од 970 милиони.

Брендот Yeezy значително се зголеми во текот на изминатата година и покрај целокупниот пазар погоден од пандемиската криза. Во споредба со минатата година, продажбата на веќе успешниот бренд се зголеми за дополнителни 31%, што и донесе на компанијата дополнителни приходи од 1,7 милијарди долари.

Исто така до крајот на годината, Канје Вест најверојатно ќе стане побогат за 150 милиони долари благодарение на партнерството со GAP.

Покрај својот бренд Yeezy, наводно, Вест има и 122 милиони долари во готовина и залихи. Заработи и 110 милиони долари благодарение на музиката (раперот досега има издадено девет студиски албуми и три заеднички албуми) и 1,7 милијарди долари други средства – вклучително и удел во линијата SKIMS на неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан.

Вест му се придружи на инвеститорот Роберт Ф. Смит како единствен црн бизнисмен чие богатство се проценува на 6 милијарди долари.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
casibom