Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Измама на годината: Тие препродале 100.000 стари уреди наместо да ги уништат!

Apple“ склучи договор со „Geep“ во Канада, според кој, кога корисниците носат стари уреди, тие се препраќаат на компанијата „Geep“ за да ги рециклира. Или, барем, така требало да биде.

Според извештајот што оваа недела протече во јавноста, работниците наместо да ги рециклираат производите, ги продаваа, а профитот им лежел по нивните џебови. Се разбира, тие никогаш не известиле никого за тоа.

Проблемот настанал кога „Apple“ добил извештај дека некои од уредите што требало да бидат испратени до „Geep“ за рециклирање се користат повторно, а тие тоа го потврдија со проверка на сериските броеви. Спроведена е истрага и тие дошле до информација дека на овој начин се продадени повеќе од 100.000 уреди.

Покрај тоа што Geep го прекршил договорот, Apple тврди дека во тужба против компанијата, ставањето на стари уреди во продажба ја намалува побарувачката за нови (што автоматски влијае на бизнисот), создава потенцијални безбедносни проблеми за корисниците, но и му штети на брендот, бидејќи производи наменети за уништување се појавија на пазарот.

Според странските медиуми, Geep ги потврдил овие тврдења, но во исто време тие изјавиле дека само тројца вработени се одлучиле на тој потег, без знаење на други колеги, вклучително и на нивните претпоставени. Единствениот проблем е што тројцата вработени биле директори во компанијата.

Apple“ од компанијата го бара целиот профит заработен од продажбата на уредите што ги испратиле за рециклирање, како и дополнителни над 23 милиони долари. Geep сака одговорноста, вклучително и плаќањето на казната, да ја преземат вработените кои ги продавале уредите и заработувале пари на нив.

Прочитај

новости и трендови

Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при...

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Advertisement