Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

ДЕМАНТ ДО СИТЕ МЕДИУМИ

Во врска со објавените медиумски написи во кои се тврди дека Државниот завод за ревизија утврдил значителни неправилности во финансиското работење на Акционерското друштво за приредување игри на среќа – Државна лотарија на Република Северна Македонија за 2024 година без притоа да се направи јасна и суштинска дистинкција помеѓу периодот на управување од страна на претходното раководство од СДСМ и ДУИ и периодот на работење под новото раководство, Државна лотарија на Република Северна Македонија најостро реагира и го доставува овој демант
Објавените наводи се неосновани тенденциозни и нецелосни бидејќи во нив свесно или несвесно не е направена временска и управувачка разграниченост помеѓу периодот во кој Друштвото било управувано од претходното раководство од СДСМ и ДУИ и периодот во кој управувањето и одговорноста ги презема новото раководство Таквиот пристап создава погрешна слика во јавноста која доведува до манипулативно поврзување на констатации од различни временски периоди и претставува сериозно отстапување од принципите на објективно точно и одговорно информирање.
Особено нагласуваме дека новото раководство веднаш по преземањето на функцијата проактивно и транспарентно се обрати до Државниот завод за ревизија со Барање бр. 02 – 6328/1 од 12.09. 2024 година со кое иницираше целосна ревизија на финансиските извештаи и на целокупното работење на Друштвото со цел утврдување на фактичката состојба идентификација на евентуални неправилности наследени од претходното раководство и воспоставување засилен систем на финансиска дисциплина отчетност и законитост.
Во тој контекст селективното пренесување на поединечни делови од ревизорскиот извештај без јасно наведување на временската рамка и одговорното раководство претставува недозволива медиумска интерпретација која директно го нарушува угледот на Друштвото и на актуелното раководство.
Оттука бараме од медиумите кои објавиле вакви содржини веднаш да ги повлечат или коригираат неоснованите и нецелосно интерпретирани наводи и јасно да направат дистинкција помеѓу периодот на управување на претходното раководство од СДСМ и ДУИ и периодот на новото раководство и да го усогласат својот текст со принципите на вистинито целосно и објективно информирање на јавноста
Во спротивно Државна лотарија на Република Северна Македонија ќе биде приморана да ги искористи сите расположливи правни средства вклучително и покренување постапки за клевета и нарушување на углед согласно важечките закони.
Новото раководство на Државна лотарија останува цврсто определена кон транспарентно законито и одговорно работење како и кон целосна соработка со сите надлежни институции но истовремено ќе реагира решително против секој обид за дезинформирање на јавноста и политички или медиумски манипулации

Со почит,
Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија Со почит, Државна лотарија

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
rexbet   rexbet   rexbet   betebet   betebet   süperbet   süperbet   betebet   betebet   betebet   betebet   holiganbet   holiganbet   meritking   meritking   onwin   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   casibom   casibom   betgaranti   betebet   betebet   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   mrking   mrking   mrking   betebet   betebet   superbet   superbet   superbet   superbet   mrking   mrking   casibom   casinoper   bahisnow   casibom   betgaranti   betgaranti   slotbar   slotbar   onwin   onwin   rexbet   rexbet   casibom