Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Дали Амазон ги шпионира сите што го критикуваат?

Задачата што ја вклучува оваа работа е да ги следи оние што испраќаат закани до Амазон, а во тоа спаѓаат синдикатите и политичките лидери. Аналитичар за разузнавање би собирал информации за сите чувствителни теми во врска со компанијата на Безос, за кои, се разбира, би биле информирани претпоставените.

Рекламата беше избришана кратко откако беше објавена, но не пред да го привлече вниманието на политичарите во Европа. Така Лејла Шајби, член на Европскиот парламент, ги собра своите колеги и заедно испратија писмо до Џеф Безос, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Во писмото тие ја изразија својата загриженост за огласот за вработување и прашаа дали тоа значи дека сите, вклучително и европските политичари, ќе се најдат под потенцијалниот „надзор“ на Амазон.

“Ние сме многу загрижени за вашите намери. Ние сме заинтересирани дали ова вклучува следење на синдикалци и политички претставници кои ја критикуваат работата на компанијата”, е дел од пораката потпишана од 36 члена на Европскиот парламент.

Како што им рекоа на медиумите од Амазон по отстранувањето на огласот, описот на работното место не беше соодветно објаснет и не станува збор за шпионирање, туку за анализа на податоците што се јавно достапни, со цел да се подобри деловната активност на компанијата.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement