Продажбата четирикратно го зголеми претходниот аукциски рекорд на уметникот од 8 милиони долари, поставен во 2016 година.
Автопортретот на Фрида Кало, што се чуваше во приватна колекција цели 30 години е продаден минатиот вторник за рекордни 34,9 милиони долари на Sotheby’s аукцијата во Њујорк. Купувачот е Едуардо Ф. Косантини, кој го основал музејот во Аргентина.
Сликата „Diego i yo“ (1949) ја прикажува уметничката како со солзи во очите гледа во набљудувачот, додека на нејзиното чело е слика на нејзиниот сопруг, муралистот Диего Ривера, кој и самиот има трето око.
Резултатот четирикратно го зголеми претходниот рекорд на аукцијата на уметникот од 8 милиони долари, кој е поставен во 2016 година кога нејзината слика „Two Nudes in the Forest“ од 1939 година е продадена на аукцијата Christie’s во Њујорк.
Сликата на Фрида Кало е продадена од потомок на њујоршки колекционер, кој ја купил во 1990 година на аукција на Sotheby’s за 1,4 милиони долари. Пред таа продажба, уметничкото дело и припаѓаше на писателката и критичарка Флоренс Аркин, која била пријателка на Ривера и Фрида Кало.
Уметничкото дело „Diego i yo“ стана најскапото дело на латиноамерикански уметник продадено на аукција, надминувајќи го претходниот рекорд што го држеше сликата „The Rivalsi“ од Ривера, која е продадена за 9,8 милиони долари во 2019 година.
