Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Со спортот – до посилна заедница Улогата на Државна лотарија во развојот на спортот

Во време кога спортот сè повеќе се препознава како моќна алатка за позитивна општествена трансформација, со значајно влијание врз младите генерации, се појавува потреба од интензивна поддршка и унапредување на спортската инфраструктура и активности. Во таа насока, Државна лотарија во текот на изминативе години презеде активна улога во унапредување на спортската инфраструктура, соработка со спортски колективи низ државата, ставајќи посебен акцент на развојот на млади спортисти, создавање подобри услови за тренинг и натпреварување, но и зачувување на спортските традиции.

Во последната година компанијата воспостави соработка со значителен број спортски колективи, вклучувајќи клубови од различни спортски дисциплини, како кошарка, фудбал, бокс, ракомет, боречки вештини и шах. Преку оваа поддршка, не се настојува само да се подобрат условите во кои функционираат спортските организации, туку и да се афирмираат вредностите што ги носи спортот со себе: тимска работа, фер-плеј игра, дисциплина, истрајност, почитување на различностите и здрав начин на живот.

Меѓу клубовите со коишто се остварени партнерства се кошаркарските екипи „Куманово“, „МЗТ“ и „Чаир“, фудбалските клубови „Форца – Вардар“, „Фенебахче – Тефејуз“ и „Албарса“, боксерските клубови „Шкупи“ и „Албарса“, како и ракометните клубови „Аеродром“ и „Спартек“. Во областа на боречките вештини, клубовите „Дрвени“ и „Викинг“, карате клубот „Аеродром“, планинарски клуб „Остри врв“, Кратово и други. Овој широк опфат на спортови укажува на намерата поддршката да не биде ограничена само на најпопуларните дисциплини, туку да се прошири и на помалку видливи спортски заедници, кои, сепак, играат клучна улога во развојот на спортската култура во државата.

Важно е да се истакне дека критериумот за поддршка не се темели исклучиво на спортскиот успех или на популарноста на клубовите. Наместо тоа, се вреднува посветеноста кон работа со млади категории, создавање инклузивна средина за тренирање и натпреварување, како и посветеноста на пренесување на спортските вредности кон идните генерации. Спортот, во овој контекст, се гледа како образовен и воспитен ресурс, кој игра важна улога во социјалниот развој и во оформувањето активни, здрави и одговорни граѓани.

Дополнително, соработката со Шаховскиот клуб на ветерани „Скопје 72“ е показател за ангажманот на Државна лотарија и кон повозрасната спортска популација. Поддршката на спортски ветерани значи признавање на нивниот придонес во спортската историја на земјата и важноста на нивната улога во пренесувањето на знаењето и искуството кон помладите. Преку вакви иницијативи, се овозможува континуитет на спортската традиција, а истовремено се отвора простор за интергенерациска поврзаност во рамките на спортските заедници.

За Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, инвестицијата во спортот е влог во човечкиот капитал, во здравјето на идните генерации и во заедницата во целина. Преку доследна и стратегиска поддршка на спортските колективи и индивидуалци, може да се создаде основа за долгорочен развој на спортот, но и на општеството во поширока смисла.

Прочитај

Green Tea

Човечкото тело е изложено на оксидативен стрес секој ден – процес во кој се создаваат вишок слободни радикали кои можат да ги оштетат клетките...

Four Seasons

Многумина кои размислуваат да се преселат во странство сега имаат одговор на прашањето кои земји се најбараните во светот за 2025 година. Луѓето сè...

Green Tea

Повторното користење на тегли и садови не е само практично, туку и еколошки и економично. Меѓутоа, ако остане леплив остаток, теглите изгледаат неуредно и...

новости и трендови

Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при...

Advertisement