Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

финансии

Работи на кои ни одат парите, а не сме ни свесни

Оние кои се занимаваат со продажба на разни производи имаат многу трикови кои ги користат за да ве наведат да потрошите што повеќе купувајќи кај нив. Освен тоа, некои работи кои несвесно ги правите исто така го земаат својот данок. Ви ги откриваме изворите за празен паричник

Онлајн купување

 

Многу компании користат „колачиња“ за да пратат колку го посетувате нивниот сајт, па може да се случи при пребарување на некоја работа секогаш наидувате на исти сајтови и можеби пропуштате поволни прилики. Поради тоа пребарувањето вршете го преку „приватен“ или „инкогнито“ модул кога сакате да купувате преку интернет, бидејќи на тој начин не се помнат сајтовите кои сте ги посетиле, па нема ни „колачиња“.

Кога влегувате во продавница се вртите кон десно

Неодамна е вршено истражување за тоа на кој начин продавниците, бутиците и другите продавници се креирани и како тоа влијае на начинот на кој купуваме. Можеби се веќе сте забележале дека во повеќето бутици веднаш на влезот има штанодви со облека, така што не можете по најкраткиот пат да дојдете до крајот на бутикот, па мора да свртите лево или десно, а бидејќи повеќето од луѓето се деснаци, облеката од која бутикот сака да се ослободи се наоѓа на десната страна. Продавниците ќе одат ури и дотаму да вградат мали плочи на подот, така што секој чекор ќе ви изгледа подолг, поради што ќе го успорувате одот и подолго ќе гледате во полиците со производи.

Не носете со себе оброк од дома

 

Многу луѓе кога се на работа нарачуваат храна или одат во ресторани на пауза за ручек. Во просек, мажите трошат 44% повеќе пари на храна од жените. Обидете се да пресметате колку пари дневно трошите на храна додека сте на работа, а потоа соберете и видете колку патри месечно ви одат на храна. Наместо да купувате готова храна, подгответе си оброк и земете го на работа, бидејќи така значително ќе заштедите.

„Бесплатна“ достава

Продавачите се свесни дека муштериите тешко можат да одолеат на работи за кои им следува бесплатна достава и тоа го користат. На муштериите обично им звучи поскапо кога на цената а производот се додава и цената на достава. Треба да знаете дека цената на производот кој го купувате обично е многу повисока од набавната цена, така што „бесплатната“ достава и тоа како им е исплатлива на продавачите, додека вас ве „удира“ по паричникот, а за тоа не сте ни свесни.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Wall Street

Во време кога спортот сè повеќе се препознава како моќна алатка за позитивна општествена трансформација, со значајно влијание врз младите генерации, се појавува потреба...

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

Advertisement