Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Зошто никогаш не треба да спиеме со врзана коса?

Повеќето од нас одат на спиење со врзана коса, но тоа не е добро за нашата коса.

Секоја жена се грижи за изгледот на косата, а тоа го објаснува фактот дека косата е важен дел од идентитетот. И, додека трошиме цело богатство на различни производи за косата за да изгледа убаво, треба се да обрне внимание и на секојдневните работи што ја оштетуваат косата.

На пример, спиењето со високо репче прави голема штета на вашата коса. Високото опавче може да предизвика опаѓање на косата бидејќи прави притисок врз коренот на вашата коса, а станува уште полошо кога спиете и ја мрдате главата.

Покрај тоа, тоа ги прави вашите врвови да бидат суви и оштетени. Носењето на косата во реп додека спиете може да доведе до алопеција, состојба во која косата се губи од сите или некои делови од телото, а постојаното влечење ги оштетува фоликулите на вашата коса.

Но, штом ќе престанете да спиете со високо опавче, косата ќе се врати во нормала. Кога спиете, пуштете ја косата надолу или сплетете лабава плетенка.

Исто така, за здрава и убава коса треба да имате вистинска навлака за перница. Свилени навлаки ќе овозможат вашата коса лесно да се движи.

Не заборавајте да ја задржите влагата и во спалната соба. Сувиот воздух исто така може да ја направи вашата коса сува, па користете хидратант.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement