Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

За што најмногу се каеме кога ќе пројде младоста? Ова се 8-те најчести одговори

Жалењето за нешто е една од најчестите негативни емоции што ги преокупираат луѓето, за што сведочи клиничката пракса. Повеќето луѓе се каат за нешто или жалат за нешто – би сакале да се вратат назад во времето, би сакале да им се случуваат некои подобри работи во нивните животи – или мислат во стилот на „што би било кога би било“.

Немавте ли шанса да се збогувате со некого? Дали сте во лоша врска премногу долго? Не останавте во врска со вистинскиот партнер? Дали сте заглавени во лоша работа или погрешно вложувате пари?

Или сте им дале премногу време на другите и сте се обиделе да ве сакаат? Или жалите за својата поранешна фигура, изглед, тежина?

Колумнистката на порталот Медиум, клиничкиот психолог Карен Нима, сакаше да истражи за што најмногу се каат луѓето кога ќе станат возрасни – кога веќе не се млади, но сепак имаат време да направат нешто. Анкетирала околу 50 лица на возраст од 35 до 60 години и им поставила само едно прашање: За што најмногу жалите?

Таа очекуваше вообичаени одговори од типот, јас не поминувам доволно време со најблиските, избрав погрешна работа или жалам за пари (што потрошиле несовесно или не заштедиле доволно), жалење за лошата употреба на времето, затоа што повредиле некого или затоа што лошо се однесувале кон некого.

Имаше такви одговори, но Нима беше изненадена од бројот на големи, болни жалења што беа толку презаситени што во некои случаи речиси ги обликуваа своите животи и за кои сè уште можеа дури и да плачат, како и зачудувачката доза на самообвинување.

Меѓу најчестите работи за кои испитаниците се каеле или се каат, се истакнаа осумте најчести одговори.

  • Тие не ја направиле „вистинската“ работа кога некој близок од нив починал

Каењето поврзано со смртта најмногу влијае на луѓето. Ова вклучува жалење што не биле со блиската личност кога таа починала; не успеале да спречат пријател да изврши самоубиство или се скарале со нивниот татко непосредно пред неговата смрт, пренесува РТС.

Неколку испитаници се пожалиле дека повеќе не работат на подобрување на односите со некого додека сè уште имаат можности. Или дека не поминувале повеќе време со некој што го сакале. Овој вид каење останува на површина долго време и постојано вознемирува. Тоа ги натерало да станат посвесни за тоа колку е важно да се негуваат врските со блиски луѓе.

  • Поминале премногу време во грижи и страв

Луѓето жалат што ги криеле своите чувства (или ги потиснувале целосно), ги потиснувале нивните потреби и желби и премногу се обидувале да ги задоволат другите – или пропуштаат можности. Стравот или „недостатокот на самодоверба“ ги натерало да жалат за работите што никогаш не ги правеле – не ризикувале, не пробале ништо друго, немале повеќе љубовни врски, не избрале поинаква кариера, не патувале повеќе.

  • Каење што останале во безбедносната зона

Цврсто држење за безбедност; играње „безбедно“, избегнување ризици и чувство на притисок на одговорност кон децата, партнерите, хипотеки, родителство, долг, притисок на работа – и нема време за промена.

  • Жалење што страдале премногу долго во лоша ситуација (на работа / во врска)

За жал, предолгото останување на работа, што го мразеа или досадуваа, како и да останат во незадоволителна (дури и отровна) врска, е скоро честа појава кај многумина. Како и за жалење што ја сакале погрешната личност која им го скршила срцето.

  • Каење што не штеделе подобро

Скоро сите испитаници жалеле за начинот на трошење на парите. Дури и оние кои имаа многу пари жалеа за начинот на кој ги потрошија – или како не ги потрошија. Излегува дека освен болката од губење на најблиските, парите најмногу нè загрижуваат.

  • Каење што не биле повеќе образовани или што избрале погрешна вокација

Многумина жалат што немале поголема решителност и дисциплина да добијат повеќе образование или што не ја избрале професијата што им лежи во срцето, туку онаа што сметале дека ќе им донесе сигурност. Во сите случаи, луѓето се жалеа на ова затоа што не им се допаѓаше што прават во моментот, но не знаеја како да го променат (или сметаа дека е премногу ризично да се обидат).

  • Каење за пропуштените можности

Овој вид каење најчесто се однесува на работи што биле надвор од нивна контрола. Како неможноста да се има дете. Не наоѓање партнер за живот. Или затоа што биле одбиени од саканата личност. Или дека раскинале одлична врска. Неколку испитаници изразиле жалење што се венчале или основале семејство премногу младо и затоа биле лишени од посакуваната кариера.

  • Жалеље што правеле глупави или погрешни работи

Тука, списокот вклучува жалење затоа што повредиле други (партнери, пријатели, родители), поради злоупотреба на алкохол и дрога, поради премногу врски со погрешни луѓе. Едно лице признало дека е силеџија, други признале дека било нарцисоидно, глупаво, или наивно, неискусно, одбивно или неспособно да се извини. Кањењ за работите што ги прават засрамени, работите во кои секој треба да биде подобар во средната возраст, но тие не се.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement