Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Во продажба најлуксузната вила во Мајами

Доколку сте љубител на Мајами, тогаш сигурно имате слушнато за неговиот екслузивен Star Island остров…

Простирајќи се на 86 хектари, ова оаза станала дом за најбогатите жители во градот, славни ѕвезди, па дури и некогашни претседатели. Сите тие би биле ваши потенцијално нови комшии, бидејќи спектакуларна вила на две нивоа всушност е на продажба, по цена од 40 милиони долари.

Земајќи во предвид дека на целиот остров има неколку домови, ова е навистина единствена можност за купување. Сместена во периферно направени парцели, која има околу 4.000 метри квадратни, современата вила нуди маѓепсувачки поглед кон водата, Бискејн заливот и панорамата кон градот, со приватен пристап до океанот.

Главната резиденција има површина од околу 1.500 метри квадратни, со десет спални соби, десет купатила и два тоалети. Ентериерот на ова здание оддава луксуз, благодарение на подовите од камен, врвни лустери и преубавите детали. Како што е и очекувано, професионалната кујна е опремена со елементи од нерѓосувачки челик, а над нив се наоѓа соба за релаксација во вино обложена со дрвени панели.

Доколку со лифт се качите на вториот спрат, ќе наидете на предимензионирани спални соби со приватни купатила. Воедно овде се наоѓа и главната спална соба која доаѓа со своја работна соба, вграден плакар, отворена тераса и главно купатило, кој доби вграден туш од оникс и стакло, како и спа када.

Во екстериерот, просторот е дизајниран за забави. Овде е огромниот базен ос џакузи, фонтана и сопствена ложа, со наткривениот бар и дел за седење со поглед кон океанот. Доколку сето ова не ви е доволно, на овој имот се наоѓа и огромна куќа за гости, која има две спални соби, две купатила и две соби за послугата со купатило и чајна кујна, гаража за три автомобили.

Дали би уживале доколку живеете овде?

Прочитај

Green Tea

Kреативниот директор на марката Dom Perignon , го истражувала Лени Кравиц и неговите нови карактеристики во соработка со оваа куќа од шампањско … Поточно,...

Four Seasons

Дали сакате пауза од сè околу вас – цивилизација, современи уреди, Интернет, работа и луѓе? Имаме совршен предлог за вас … Островот Асатиг е...

Wall Street

Брендот Porsche го воведе моделот 911 Targa 4S Heritage Design Edition, кој доби елементи за дизајн од 1950-тите и 1960-тите, и е првото од...

Cotton Club

Импресивна, но повторно софистицирана колекција што Крис ван Аш ја потпишува за марката Berluti… Очигледно, розите цветаат во марката Berluti. Со креативно водство на...