Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Во куќата се влегува низ хобитска дупка, целата е под земја, но никој не останува рамнодушен!

Шармантна и живописна куќа во Бафало, Тексас, го привлече вниманието на купувачите. Куќата е целосно под земја и има три спални, две бањи и три дополнителни соби.

Во моментов се продава. Цената е неверојатна – чини над 2,2 милиони УСД.

Куќата нема природна светлина, сепак, во декорот е многу светла и куќата изгледа како многу пријатно место за живеење.

Сепак, оваа куќа не е само подземен дом што би го купиле. Имотот исто така вклучува надземни згради на скоро 40 хектари земја, вклучувајќи гаража и работилница, а има и езерце.

Во куќата се влегува преку „хобит дупка“ која е насликана да изгледа исто како тунел.

Сопственикот на имотот ја имал предвид приватноста и безбедноста при градењето на куќата. Тие исто така биле свесни за заштитата од невреме и торнада во областа.

  • „Куќата е вградена во ридот. Тие го ископаа ридот, ја создадоа структурата, ја изградија и потоа ја покриа назад“ – објасни Тери Александар, агент за недвижнини.

Ако не сте љубител на светли мотиви, секогаш можете да ги преуредите. Секоја соба е украсена во различен стил и тема.

Иако куќата е под земја, таа не е многу клаустрофобична. Собите имаат тавани достигнувајќи нешто повеќе од 7,6 метри.

Домот е целосно самоодржлив. Користи вода од бунари на имотот, има сопствен систем на вода и септички систем, па дури има и генератор што може да напојува за две недели, пишува Bored Panda.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement