Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Влезете во приватниот авион на Роман Абрамовиќ

Доколку имате помислено дека сопственикот на Челзи фудбалскиот клуб, Роман Абрамовиќ, спортот го сака најмногу, сте се излажале…

Тој обожава луксуз и се што е поврзано со него, како што се луксузни авиони. Во своја сопственост, тој има вистинска флота – прилагоден Boing 767-33A ER со надимак The Bandit вреден 80 милиони долари, Boing 737-700 вреден 73 милиони долари и уште еден 767-300 вреден 67 милиони долари. Овој пат, ние се фокусиравме на познатиот Bandit и неговите детали. Иако можеме слободно да кажеме дека авионот треба да биде наречен “летечка палата, бидејќи поседува неверојатен раскош и убавина.

На пример, неговиот омилен приватен авион има вистинска банкет сала, која не асоцира на оние од старите замоци, а нуди доволно место за 30 луѓе.

Покрај тоа, спалните соби можат многу лесно да ги фрлат во втор план бројните луксузни хотели. Според официјалните информации, спалните соби се со кревет за двајца, скапоцена постелнина, како и златна боја ентериер кој ќе ве маѓепса.

Многу приватни авиони имаат своја кујна со мали димензии и ограничени можности, но авионот на Роман Абрамовиќ доаѓа со вистинска кујна опремена со двојна машина за садови, фиоки и уште многу други детали, поради кои изгледа раскошен ентериерот.

Употребени се костен дрво и златни детали кои можат да се види во секој агол од овој авион, давајќи му топлина во самата атмосфера. Стил и добар вкус се дефинитивно евидентирани, како во квалитетните материјали, такако и во распоредот и опремувањето на просторот.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement