Дали сакате кога ќе видите човек кој е убаво изграден, со дефинирани мускули, кој пука од сила?
Сосема нормално, многу дами ќе одговорат потврдно, но научниците тврдат дека мускулестите мажи се најлоши партнери.
Студијата спроведена на Универзитетот во Вестминстер, во која учествуваа 327 мажи, покажа дека „набилданите“ припадници на посилниот пол се лош материјал за врска.
Имено, истражувањето докажало дека колку повеќе е мускулест мажот, толку се поголеми шансите тој да има сексистички однос кон жената и недостиг на почит кон неа.

Од друга страна, кога се сомневаме, дамите инстинктивно, во повеќето случаи, ќе му дадат предност на атлетски изграден човек, затоа што во согласност со традиционалните предрасуди, тоа е типот на „вистински“ човек.
Исто така, се наведува дека мажите кои се во брак и кои се сметаат за попривлечни од нивните сопруги, признале дека не се задоволни од врската и им даваат мала поддршка на своите сопруги.
Податоците од истражувањето исто така покажуваат дека мускулестите мажи се повеќе склони кон прељуба.
На крајот, научниците изјавуваат дека не би било изненадување ако дамите користат мешана стратегија – да изберат мажи со малку повеќе „женски“ карактеристики за животните партнери, а за кратки сексуални односи, мускулести мажи…
