Иако секој родител се обидува да стори најдобро за своите деца, многумина прават грешки во нивното воспитување, а тие грешки излегуваат фатални – тие ја уништуваат врската со таткото и можат да влијаат на целиот живот на вашиот син.
Овие се 7-те најчести грешки кои ги прават татковците:
- Татковците играат клучна улога кога станува збор за преминот од градинка во училишна возраст и стекнување нови пријатели. Татковците дури користат различни зборови во разговор од мајките, што им помага на момчињата да ги подобрат своите комуникациски вештини. Меѓутоа, ако сте премногу заштитнички настроени и се обидувате да контролирате сè, детето ќе има проблем да гради односи со нови пријатели и да се справи правилно во новото опкружување. Таткото сигурно треба да го следи она што се случува во животот на детето и да го додаде неговиот совет, но само кога тоа е потребно – а не да му одредува на детето што и како треба да направи.
- Татковците честопати избираат да работат напорно за да им обезбедат на своите деца сè што им е потребно, но на крајот честопати завршува со тоа што таткото и синот се гледаат меѓусебно само на кратко во текот на денот. Ова не е добро за ниеден од вас. Присуството на таткото во животот на момчето ја зајакнува неговата самодоверба, му помага да се соочи со некои животни проблеми и, се разбира, помага да имате подобар однос со вашето дете.
- Татковците честопати се обидуваат да го заштитат својот син од секоја можна опасна ситуација. Меѓутоа, ако не му дозволите да се соочи со некои опасности, подоцна ќе имате дете полно со стравови. Децата кои не ризикувале во детството, имаат помала веројатност да станат независни во зрелоста.
- И додека девојчињата се охрабруваат да ги покажат своите чувства, татковците често ги советуваат своите синови да ги кријат. Ова е голема грешка, затоа што потиснатите емоции можат да се манифестираат во секое време во зрелоста и да го уништат животот на вашето дете. Ако вашиот син не знае како да се справи со емоционалните проблеми, тој ќе биде вознемирен и под стрес, а во иднина нема да може да остварува врски кои траат.
- На вашиот син му е потребна дисциплина, но не во форма на казна. Наместо да изберете начин на воспитување, што целосно исклучува да се покаже љубов, што на момчињата очајно им требаат, вие, како татко, сте таму за да поставите разумни правила и граници за вашето дете и да го научите дека секое дело има свои последици. Ако го направите ова без да покажете љубов, вашиот син најверојатно ќе се плаши од вас, а во иднина ќе биде агресивен.
- Најдобар начин да научите низ животот се грешките. Ако видите нечија грешка и нејзините последици, ќе размислите двапати пред да го сторите истото. Затоа не треба да ги криете вашите лоши одлуки и пречки со кои сте се соочиле, дајте му на вашиот син да научи нешто од вашите грешки.
- Ако синот постојано гледа колку сте лут, нервозен и не ја почитувате сопругата, односно неговата мајка, на тој начин ја поставувате основата за сите идни односи на вашиот син со спротивниот пол. Момчето мора да го види неговиот татко како покажува љубов. Дури и ако сте разведени, оставете го вашиот син да види дека постапувате со неговата мајка со почит. Ова ќе му биде добар пример за тоа како треба да се однесува со својата мајка и сестри, а подоцна и со партнерите.
