,
Принципите на класичниот внатрешен дизајн се потпираат на хармонија, баланс и стабилност…
Како дело на студијата Arch Predmet ,станот е дизиајниран во согласност со таа филозофија, а се наоѓа во Москва. Пред се, тимот кој работеше на овој стан имаше за цел да направи една целина , спојување на еден со друг простор, па затоа се одлучија за отворен концепт. Како краен резултат, кујната, дневната, трпезаријата се споени, дозволувајќи им на станарите да уживаат во слободниот простор.
Како што и самите можете да забележите овој стан има феноменален поглед на градот, па користењето на пејсажите во сите негови простори било сосема логично. Што се однесува на класичниот дизајн, плишаниот мебел воовој простор игра важна улога. Токму поради неговиот елегантен и луксузен изглед, такви делови на мебел се присутни во секој дел кој е наменет за одмарање и спиење.
Кремастата боја и другите нежни тонови, како и деликатните кафеави и сиви нијанси, му дадоа на овој стан топла и пријателска атмосфера. За да се постигне посакуваниот ефект, се користат разни предмети, како што се колекцијата BAC за собирање на големи писма и весници или пак може да да се користи како полица во дневната соба.












You must be logged in to post a comment Login