Идејата беше прилично едноставна. Откако посетителите на музејот, после повеќемесечен карантин и изолација од надворешниот свет, конечно ќе се вратат во музејот Метрополитен, a пред самиот влез ќе бидат пречекани со џиновски транспаренти на кои ќе бидат напишани зборовите „DREAM“ и „TOGETHER“ – пораки од Јоко Оно, кој сака да инспирира желба на блискост и поврзаност кај граѓаните на Њујорк. Тоа на сите сигурно им недостасуваше за време на долгите месеци изолација.
Транспарентите на Јоко Оно стојат на места кои вообичаено рекламираат тековни изложби во музејот, а директорот на музејот Макс Холејн изјави дека Јоко Оно е вистинската личност што може да испраќа толку моќни пораки. Пораките од јапонскиот уметник и активист, кој повикува на мир и заедништво од 60-тите години на минатиот век и движењето на хипиците, ќе ги красат sидовите на музејот до 13-ти септември.
Затворен од март, Мет конечно ги отвори вратите за посетителите на 29 август заедно со другите градски музеи и културни институции, но со обезбедување од само 25% од максималниот капацитет кога станува збор за бројот на посетителите за да се ограничи понатамошното ширење на инфекцијата Ковид-19.

