Иако е сеуште мај, летото е многу близу, поради што веќе сакаме да побегнеме на плажите.
Доколку не можете да патувате, овој период е идеален за враќање во нашите викендици, за да можеме да ги исчистиме и да им дадеме „свеж“ воздух, за да бидат подготвени за летната сезона што е толку близу до нас.
Ако размислувате за промени во вашата викендица за оваа година, тогаш сè што треба да направите е да ги откриете предлозите што ги дадовме за вас и сигурни сме дека тие ќе го надградат секој агол од вашиот личен живот.
Откријте ги најновите и модерни идеи за декорација!
Белата е „клучна“
Белата е нераскинливо поврзана со летото, како во облеката што ја избираме, така и во декорацијата на нашиот дом, а особено во вашата викендичка, каде сакате сè да предизвика мирна и пријатна околина, оваа боја треба да биде главна ѕвезда. Од sидови, рамки и површини, до вашиот мебел, сè треба да ја долови бојата на летото и да ја осветли вашата околина.
Нијансите на сина боја се сметаат за задолжителни
Освен безвременската и елегантна бела, сината и сите нејзини нијанси се подеднакво безбеден избор за секоја викендица. Покрај тоа, оваа специјална палета на бои нè потсетува на грчкото лето.
Потпрете се на функционалноста
Заедно со боите, многу е важно вашите простори да се издвојуваат со нивната функционалност. Не е потребно да ги пополните сите места со украсни предмети, бидејќи на овој начин нема да можете да се чувствувате пријатно во сопствената куќа. Не заборавајте, на крајот на краиштата, дека сте на одмор додека живеете во оваа куќа, па затоа последното што сакате е постојано да ја бришете прашината!
Оставете вашите простори да бидат „едно“ со природата
Навистина е убаво да се чувствуваме дека сме „дел“ од природата и надворешната, волшебна околина. За да го постигнете ова, треба да се фокусирате на градежните материјали и мебелот што постојат во вашиот дом. Дајте предност на бамбусот, кој исто така е еколошки. Додадете дополнителни природни допири, како што се камчиња и школки, свежо цвеќе или дури и парчиња дрво.
Уредете го просторот пред викендицата
И бидејќи поголемиот дел од времето го поминуваме на отворено во текот на летото, а не толку во затворени простории, создадете простори каде ќе уживате во моменти кои ќе бидат незаборавни. Без разлика дали се на балкон или во градина, поставете импресивни лулашки за бесконечно опуштање, трпезарија за вечера со вашите најблиски, но и дополнителни украсни елементи, како што се фенери за вечерните часови, како и саксии со миризливи растенија.





