Да најдете партнер што ви одговара навистина не е лесно, но оваа листа на компатибилни хороскопски знаци може да помогне.
Организирање состанок и запознавање нови луѓе никогаш не било потешко отколку сега кога светот се бори со пандемија, но затоа постојат апликации и разни страници чијашто употреба е зголемена за дури 140 проценти! За да им биде барем малку полесно на луѓето да најдат потенцијален партнер, апликацијата Тиндер откри корисни информации за тоа кои хороскопски знаци најдобро се совпаѓаат, пренесува news.co.au.
Овен и Вага
Дури и на социјалните мрежи и апликации, Овенот, инаку природни лидери, сака да доминира. Плус, тие сакаат да зборуваат за себе поголемиот дел од времето. Од друга страна, Вагите сакаат баланс, логика и автентичност, и токму поради оваа причина ги привлекува Овенот.
Бикот оди на сигурно
Кога станува збор за наоѓање партнер, Бикот точно знаат што сакаат. Затоа, со нив секогаш знаете на што сте, дури и во дигиталниот свет тие се искрени – тие одговараат на пораките многу брзо. Тие сакаат да уживаат во храна и пијалок, и за да се осигурат дека партнерот ќе им одговара, тие често избираат луѓе во нивниот знак.
Близнаците се во потрага по Водолија
Луѓето во овој знак имаат авантуристички дух, дружељубиви се и сакаат добра забава и ги привлекуваат луѓето во знакот на Водолија. Лошата вест за нив е дека Водолијата е привлечена од Стрелец. Водолијата е хуманитарна, сака да волонтира и е уметнички настроена. Тие се прилагодени на Стрелецот кој е отворен, забавен, спонтан и има свој став.
Ракот има ист вкус како Близнаците
Полн со емпатија, чувствителен и питом, Раковите најчесто ќе забележат личност во знакот на Водолија која, заради својата љубов кон уметноста, природата и хуманитарната работа, има сè што бараат. Лошата страна на Раковите е што тие реагираат многу бавно на пораките.
Лавовите го сакаат Овенот
Слично како Овен, Лавот обожава да доминира и да биде во центарот на вниманието. Тој сака да се расправа, но и да ја покажува својата романтична страна. Тој ужива да се натпреварува со други луѓе, па врската со Овен е вистински предизвик за него.
Девица и Шкорпија
Овие два спонтани, страствени, уредени и вредни знаци немаат потреба да наоѓаат партнер во спротивниот знак бидејќи совршено се совпаѓаат едни со други.
Јарецот одговара на Стрелецот – и обратно
Овие идеалисти не се лесни за импресионирање и затоа им треба повеќе време да најдат личност која им одговара. Сепак, откако некој ќе им се допадне – тоа е тоа. Не е проблем прво да им испратите порака и да покажете дека се заинтересирани, а нивниот спонтан и забавен дух ќе ја задоволи личноста на Јарецот – и обратно. Вреден и амбициозен Јарец ќе се забавува со Стрелецот.
Рибите бараат и Водолија
Многу емотивни и чувствителни Риби не се обидуваат да ја сокријат својата личност, и тие ќе вложат многу напор во врската. Нивната бавна реакција на пораките нема никаква врска со другата страна, што е најчесто во знакот на Водолија, но тие само сакаат да се потрудат и внимателно да размислат што да одговорат за да не бидат површни.
