Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Solo – Јахта која ги Поместува сите граници

Меѓу сите свои врсници, супер jахтата по име Solo дефинитивно му одговара на своето име…

Конструирана пред две години, од страна на италијанското бродоградилиште Танкоа, Solo-јахтата е дизајнирана со параметри кои многу се разликуваат од другите супер јахти во својата категорија. Со речиси половина од внатрешниот волумен на конвенционалните јахти, енергетски е ефикасна и полесна за ракување, истовремено поседувајќи еден од најпознатите еколошки системи за издувни гасови што досега имавме можност да ги видиме.

Јахтата веќе доби бројни награди за својот уникатен дизајн, но намалувањето на нејзиниот внатрешен волумен постигна многу повеќе отколку создавање на елегантен профил. Самиот брод е значително потенок од другите во својата класа, но сепак содржи голем број на заеднички области за уживање, како што е сончевата палуба.

Неговата наутичка архитектура ја прави навистина ефикасна, така што има брзина на крстарење од 14,5 јазли, без прекумерна потрошувачка на гориво. На пример, по 12-дневно крстарење од Џенова до Флорида, Solo јахтата сепак ќе има 35% од своето гориво.

Неговиот погонски систем е исто така дизајниран да биде по еколошки во споредба со другите бродови од нејзината јахта. Хуг инженерингот и филтерот за издувни гасови на моторот не само што ги намалуваат неговите емисии, туку исто така им даваат можност на гостите да пливаат околу јахтата без да видат или да почувствуваат ммирис на гориво.

Далеку од неговиот напредок во животната средина, Solo јахтата доби вистински уникатен изглед, со темно сив труп што остава храбар прв впечаток и космополитски ентериер што нè потсетува повеќе на Њујорк пентхаус отколку за внатрешноста на една јахта. Дизајнерите ги комбинираа сите видови материјали, вклучувајќи бел оникс, дрво и кожни подови.

Техничките погодности се скриени во дизајнот, вклучително и прозорците од подот до таванот, кои обезбедуваат оптимална доза на приватност додека уживаат во непречен поглед.

Совршен за семејства со деца, Solo јахтата има интересни социјални простори, кои вклучуваат зимска градина на главната палуба, која нуди неверојатен поглед на отворено море. Исто така, има голем салон на мостот, со пијано и модерен бар, кој нуди можност за ал-фреско јадење. Базенот на задната палуба е идеален простор за децата да играат. Пред кормиларницата, има португалски мост со доволно простор за осумнаесет лица, додека на палубата на сопственикот, се наоѓа џакузи и приватно подрачје за сончање.

Палубата на сопственикот содржи студио, односно мастер-соба за релаксација, која може да се користи како простор за работа, библиотека или просторија за третман. Втората просторија за релаксација на палубата подолу е наменета за масажи на гости. За време на вечерните часови салонот и задната палуба стануваат центар на настани, затоа што таму се служат коктели.

Ако отсекогаш сте сакале да го поминете летото на јахта, ова е вистинската можност за вас, под услов да имате вишок од 74,5 милиони американски долари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement