Ако барате чевли оваа сезона што ќе бидат ефективни колку што се практични, тогаш дефинитивно треба да обрнете внимание на формата во која Nicolas Ghesquière ги виде како главни модели.
Во прашање се секако каубојките, кои во облеката на Louis Vuitton се претставени како доста класична – црна, сјајна кожа и само еден детал во форма на златен трим што се издвојува.
Она што најмногу се забележува кај моделите на обувки што доаѓаат со потписот на оваа позната француска модна куќа, е тоа што сите тие имаат акцентиран врв во форма на шпиц.
Белата боја сè уште останува ефикасен примат за храбрите, а кога станува збор за вообичаени зимски чизми, препораките се оние едноставни рамни форми, кои изгледаат одлично и casual и во деловна варијанта.
