Кога станува збор за брендот Долче и Габана, секој производ што го носи нивниот потпис е неизбежно луксузен…
Без разлика дали станува збор за ограничено издание на тестенини или интригантно дизајнирани кујнски апарати, брендот Долче и Габана секогаш дава се од себе. Овој пат, тие решија да не изненадат со нови, дизајнерски фрижидери, кои лесно ќе засрамат бројни уметнички колекции.
Како и секогаш, во соработка со брендот Смег, брендот Долче и Габана планира да произведе 100 фрижидери рачно насликани од врвни уметници, лично избрани од познатото модно дуо. Фрижидерите беа прекрасно платно за Салваторе Сапиенца, кој целосно го трансформираше овој уред со романтични сцени од Италија. Секој модел доби колекција на елементи од дизајнот кои му оддаваат почит на италијанското наследство.
Како што е наведено во официјалното соопштение на марката: „Екстравагантниот луксуз е комбиниран со утилитаризмот во новата соработка на Smeg и Dolce & Gabbana, која ни нуди серија кујнски апарати Made in Italy, со ексклузивно нумерирање“. Како што можеби претпоставувате, цената на овие фрижидери не е ситна, туку неверојатни 40.000 американски долари.



