Овој дом има неверојатен поглед, како на копно така и на море…
Претприемачот и дизајнер Скот Гилен го купи овој неверојатен имот, сместен високо во карпите на Малибу, со поглед на Пацификот од едната страна и драматичен, зелен кањон од друга страна. На таа локација, тој изгради вила со димензии од околу 1.500 квадратни метри и дополнителна куќа за гости, со што посветувајќи неверојатно внимание на секој детал. Огромниот простор со отворен план непречено тече помеѓу ултрамодерната кујна и топлите животни амбиенти, како во внатрешноста, така и во надворешноста. Во моментов, овој имот, опремен со мебел направен по мерка, може да се купи за 75 милиони долари.

Над софата има лустер составен од топки кои рачно се направени во Чешка. Гилен ги гледал како главна декорација на собата, што се рефлектира на прозорците во текот на вечерните часови, удвојувајќи го сјајот. Помала верзија виси над скалите.

Кујната се карактеризира со камени работни површини, кои се произведени во Германија според спецификациите на Гилен. Тој сакал потенки плочи, наместо обемните што можеме да ги видиме насекаде околу нас. Кујнските ормани доаѓаат со потпис Bulthaup, апаратите се Miele, Sub-Zero и Gaggenau.

Како претприемач и дизајнер, Гилен е познат по тоа што многу малку користи машини за производство на одредени елементи од своите домови. Гредите што го красат целиот ентериер се изработени од бреза, и се избрусени со рака, со цел да изгледаат сурови и мазни истовремено.
