Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Ремек дело – архитектура во стилот на Лас Вегас

Она што ќе се случи во Лас вегас, останува во Вегас – или барем така кажува изреката…

Судејќи по се, изведувачот кој ја направил ова прекрасна вила на плажа, не сака да се согласи со изреката. Неговата идеја беше да пренесе дел од Лас Вегас на Флорида, со елементи како што се огромен базен со солена вода, инспириран од варијантите кои може да ги видите во Вегас. Резултатот на неговата идеја е вила која е проценета на 23.5 милиони долари, која што, барем по дизајнот се истакнува, а во својата основа совршено се прилагодува на поднебјето во Флорида – таму доби бела фасада, осветлени дрвени соби со високи плафорни, мермерни подови.

Вилата која има околу 3.100 метри квадратни е дел од екслузивна, затворена енклава и е една од триесет и седумте имоти кои се наоѓаат. Нејзиниот дизајн е потпишан од Brenner Architecture, компанија која и претходно има изработено проекти на Флорида.

Ова резиденција секако остава силен прв впечаток. Штом го поминете прагот, ќе бидете воодушевени од нејзините имперсивни скали, кои асоцираат на стариот Холивуд. Секако, овде се бројни детали кои даваат печат на Лас Вегас. Најочигледен од сите е просторијата која поседува свој бар, маса за карти и билијард маса, со одвоен дел за уживање во цигари.

Со оглед на тоа дека секој хотел во Вегас овие денови има свој спа центар, вилата доаѓа со свој велнес центара, вкучувајќи фризерски салон, теретана, сауна и спа. Во екстериерниот дел, на своите сопственици нуди зен градина со водопад.

Покрај тоа, има седум спални соби и единаесет купатила, соба за деца со куглана, вински подрум и приватно кино. Две кујни – едната е наменета за секојдневна употреба, додека другата е за кетеринг потреби.

На горниот дел, главната спална соба доби сопствено крило. Таа е свет сама за себе, доаѓајќи со чајана кујна, работна соба, две купатила и приватен балкон.

Главен елемент секако е нејзиниот базен, кој е опкружен со тропски детали, а поседува и водопад. Накосениот павилијон и трепезарискиот простор овозможуваат доволен простор за уживање, во делот на тенискиот терен. Шарените расветла го декорираат базенот и водопадот, давајќи амбиент каков што гледаме во Вегас.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement