Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Раскош каков досега немате видено: Приватниот авион на саудијскиот принц

Принцевите живеат во палати и тоа е општо позната работа…

Сепак, земјата и воздухот во нивниот случај можат да се поистоветат, бидејќи принцевите успеваат за себе да направат палата каде и да се движат. Овој пат, ве покануваме заедно да ја погледнеме летечката палата на саудијскиот принц вредна, неверојатни 485 милиони долари.

Принцот, милијадер Алвалид бих Талал ал-Сауд, едноставно обожава луксузни авиони, па поради тоа е горд сопственик на прилагодениот Boing 747, Airbus A380 и луксузна јахта која беше дел од филмот за Џејмс Бонд.

Познат како Ворен Бафет од Блискиот Исток поради неверојатното чувство за бизнис, овој принц внимателно избира во што ќе ги вложи своите пари. Сепак, сето тоа не не спречува да се восхитуваме на работата што ја има направено во авионот кој може да пренесува до осумдесет патници и во својот простор се наоѓа доволно место за турска бања од мермерни детали, паркинг место за неговиот Rolls-Royce. Величенствениот авион е опремен со се што може да ви падне на памет – лифтови, кабини за гости, сала за состаноци, амам, велнес простории и бројни други детали.

Величенствените спирални скали кои го красат неговиот ентериер ќе ве одведат до салата за состаноци, измамувајќи ви ги истовремено вашите погледи и допири неверојатната конструкција. Доколку не се таков тип кој оди по скали нагоре, можете да го користите лифтот кој ќе ве однесе на еден од трите ката, а истовремено се користи и како приватен влез во апартманот.

Авионот исто така содржи и луксузно дизајнирана просторија за молитви.

Мораме да признаеме дека летот со ваков авион дефинитивно нема да ни предизвика стрес.

Прочитај

____celebrity

Познатата пејачка Ријана откри нова тетоважа која ја „дизајнирале“ нејзините деца. Тетоважата се наоѓа на нејзината нога, веднаш зад коленото, и се состои од...

Green Tea

Општото верување е дека можете да кажете кога сте во добра врска бидејќи речиси никогаш не го споменувате тоа. И веројатно има вистина во...

Green Tea

Ако имате висок крвен притисок, еве што треба да знаете за витаминот Д. Додатоците на витамин Д може да помогнат во намалувањето на крвниот...

____celebrity

Откриена е тајната на култната фотографија на Мерилин Монро. Легендарната сцена од филмот „Седум години верност“, во која ветерот од метрото во Њујорк го...

Advertisement