Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Рачно изработен ГРАМОФОН од 44.000 долари

Доколку би имале 44.000 долари – дали би купиле луксузен BMW седан или ексклузивнен грамофон, кој Пјер Рифо го дизајнирал за Saint Laurent?

Ако вашиот одговор е грамофон, имаме одлични вести за вас. Овој уникатен, колекционерски предмет е идеален за луѓе кои ја уживаат подобрата страна на животот. Грамофонот на Пјер Рифо е дел од колекцијата Rive Droite, која е позната по ексклузивни парчиња, како што е уметничка книга од 25.925 долари, Zai скии од 8.840 долари или скејтборд од 3,025 долари што е целосно покриен со златни листови.

Најновиот уметнички предмет достоен за восхит, кој го носи потписот на овој бренд, е рачно изработен од мермер и сите негови компоненти се настанати како резултат на рачна изработка. Тоа го прави неверојатно парче музичка опрема.

Пјер Рифо, за своите клиенти кои се љубители на музиката, дизајнира грамофони од 1984 година и точно знае што сонува секој аудиофил кој го обожава Saint Laurent. Направен на голема мермерна подлога, секој елемент на овој грамофон е рачно изработен, обезбедувајќи идеална рамнотежа и прецизност. Тоа ќе ве чини скоро 44.000 американски долари, со дополнителни трошоци за патување во Париз, затоа што може да се купи само таму.

Прочитај

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Wall Street

Хумано решение за безбеден живот Личен став на Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош Граѓаните на Скопје, а особено на Општина Карпош,...

Advertisement