Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Психички нестабилни луѓе: Со овие хороскопски знаци никогаш не знаеш на што си!

Сите понекогаш се чувствуваме нерасположено, но кај некои луѓе промените во расположението се толку изразени што можеме да ги карактеризираме како емотивно нестабилни.

Овие 5 хороскопски знаци се токму вакви:

  1. Рак

Раковите се толку чувствителни што честопати се навредуваат од најмалите детали. Во утринските часови, тие можат да бидат во добро расположение и полни со енергија, а веќе до ручек се нервозни и склони кон провокација. Иако нивното однесување може да биде одбивно, тие не го прават тоа намерно. Тие едноставно не ги разбираат работите на ист начин како и другите хороскопски знаци. Тие се одлични пријатели и многу грижливи, па затоа е потребно да поминете некое време со нив и да ги запознаете со цел да ни ја пружат сета љубов и да ги запознаеме нивните емоции во вистинска смисла.

  1. Вага

Исто како што им кажува самото име, на Вагата ѝ е исклучително важен животниот баланс, но не е така лесно да се постигне. Постигнувањето рамнотежа бара вежбање и енергија, а Вагите понекогаш намерно предизвикуваат нерамнотежа во животоѕ за да постигнат одредена цел. Нешто такво може да влијае на нивната емоционална состојба, па затоа се склони кон разни испади.

  1. Шкорпија

Ако Шкорпиите не ги контролираат своите емоции, тие можат да бидат многу непријатни. Нивните чувства можат да се манифестираат во форма на гнев, одмазда или големи испади. Сепак, откако ќе го удрат дното, тие имаат тенденција да се опорават многу брзо и повторно да станат емотивно стабилни.

  1. Стрелец

Иако Стрелци не се емотивно нестабилни на типичен начин, нивното расположение може да биде многу променливо. На пример, едно време ќе реагираат на изненадување со ентузијазам и ревност, а друг пат вакво нешто ќе ги налути или ќе бидат незаинтересирани. Ова најчесто се должи на стресот или преокупацијата на одредени работи, поради што не можат да се концентрираат или да се развеселат со ништо друго.

  1. Риба

Овој хороскопски знак има длабока интуиција и е многу сочувствителен со другите. Добрата работа е што повеќето Риби знаат да ги контролираат своите емоции и да ги претворат во нешто корисно, па многу од нив се ангажирани во некој вид уметност. Меѓутоа, ако немаат каде да „избувнат“, може да биде многу тешко со нив.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Веројатно многу добро знаеме кои се најголемите емотивци и кои се нарцисите меѓу хороскопските знаци. Се разбира, Ракови и Лавови. Сепак, дали знаете кој...

Fool Moon

Трговскиот град Грантам не се појавувал во вестите толку често. Маргарет Тачер е родена таму, Исак Њутн одел на училиште таму, а во 1740...

Cotton Club

Ако спаѓате во категоријата жени „plus size“, есента е одлично време да експериментирате со модата. Повеќе облека на телото значи повеќе опции за комбинирање.Ако...

Fool Moon

Кога велиме мантра, обично мислиме на некоја реченица што треба да се повтори на неодредено време и парите магично ќе се појават во нашите...