Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Поглед на New York од друг агол – Кога се отвара највисокиот видиковец на овој град

Во изминатите неколку недели, New York е на насловите во сите вести и весници како град кој е најсилно погоден од корона вирусот…

Ситуацијата премина од лоша во полоша за само неколку дена, а според последните наоди, работите полека се стабилизираат и во тој дел на светот. Бидејќи сите заедно веруваме дека од оваа состојба ќе излеземе како победници, вистинско време е да почнеме да се подготвуваме за славење. Што може да биде подобра забава од уживање во неверојатната убавина на New York од највисокиот видиковец на западната хемисфера? Видиковецот The Edge се наоѓа на висина од  344 метри, a нуди неверојатен поглед на целиот град.

Повеќемилионскиот проект завршен е пред неколку недели и неколку дена беше отворен за јавноста, пред корона вирусот да завладее со светот. Ексклузивниот видиковец има површина од околу 750 метри квадратни, а направен е од стаклени панели без рамка.

Со тежина од околу 382.000 килограми, Edge се наоѓа на стотиот спрат на зградата 30 Hudson Yards, а до него се доаѓа со неверојатно брз лифт. Видиковецот излегува од рамката на зградата за околу 25 метри, а има и стаклен под кој е совршен за љубителите на адреналин.

Edge секако ќе биде еден од главните акценти на New York и омилено место за собирање, кога ситуацијата ќе се врати во нормала. Овде воедно се наоѓа и бар кој служи шампањ, кафе, коктели и ужина. Цената за посета на видиковецот е околу 40 долари за временски ограничен влез, додека пак Premium Admission VIP пропусница ќе ве чини 100 долари.

Прочитај

Green Tea

Kреативниот директор на марката Dom Perignon , го истражувала Лени Кравиц и неговите нови карактеристики во соработка со оваа куќа од шампањско … Поточно,...

Four Seasons

Дали сакате пауза од сè околу вас – цивилизација, современи уреди, Интернет, работа и луѓе? Имаме совршен предлог за вас … Островот Асатиг е...

Wall Street

Брендот Porsche го воведе моделот 911 Targa 4S Heritage Design Edition, кој доби елементи за дизајн од 1950-тите и 1960-тите, и е првото од...

Cotton Club

Импресивна, но повторно софистицирана колекција што Крис ван Аш ја потпишува за марката Berluti… Очигледно, розите цветаат во марката Berluti. Со креативно водство на...