Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

PIaget и Mandarin Oriental ја претставуваат најволшебната елка на сезоната

Празничната сезона официјално пристигна, а доза на радост и среќа додава брендот Piaget…

Поточно, Mandarin Oriental Jumeira, Dubai и Piaget ги здружија силите за да создадат единствена новогодишна елка лоцирана на надворешната тераса на хотелот, што е сè што сакаме да видиме додека се збогуваме со оваа несреќна 2020 година.

Елката висока шест метри претставува традиционален квалитет на брендот Piaget, со елементи на хотелската компанија „Mandarin Oriental“, заедно со модерен пристап. Коментирајќи за ова златно чудо, Кристоф Бури, директор на High Jewellery & Exceptional Pieces во отсек со брендот Piaget, изјави: Задоволни сме што работевме со марка Mandarin Oriental по овој уникатен повод. Со оваа златна новогодишна елка, сакаме да му покажеме на Дубаи која е суштината на брендот Piaget: уникатен квалитет на изработка, неверојатни креации и вистинско чувство за споделување на празничниот дух. Се надеваме дека оваа прекрасна празнична соработка ќе донесе радост и среќа на секој од вас!

Нагласувајќи ја оваа тема, Вернер Анзингер, генерален директор на Mandarin Oriental Jumeirah, додаде: „Воодушевени сме што оваа година имаме можност да работиме со брендот Piaget на нашата елка. Piaget е бренд кој е страствен кога станува збор за извонредност, исто како и сите од брендот Mandarin Oriental, а оваа година е поважна од кога и да ѐ, каде секој од нас треба да ја игра оваа игра на вистински начин и да шири радост и среќа низ Дубаи, но и светот“.

Покрај исклучителната новогодишна елка, празничната сезона Mandarin Oriental Jumeira ќе понуди специјални менија за Бадник и Божиќ на 24 и 25 декември, во нивните извонредни ресторани, вклучувајќи ги Nets, Tasca, The Bay i Noor Lounge. Резервациите се веќе отворени на официјалната веб-страница на хотелот.

Прочитај

____celebrity

Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо и неговата свршеница Џорџина Родригез се во врска девет години, и се чини дека дојде време славниот пар да застане...

Green Tea

Лиснатите зеленило се одличен начин за подобрување на вашето здравје бидејќи содржат многу клучни хранливи материи, витамини,минерали и антиоксиданси,поради што нутриционистите препорачуваат да ги...

Wall Street

87. коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата...

____celebrity

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан го подигна трендот „гол фустан“ на следно ниво позирајќи за фотографии во целосно проѕирен фустан од чипка. 45-годишната актерка сподели...

Advertisement