Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

“Паткина преса” во најреномираниот Мишелин ресторант “Tour d’Argenta” се продава за неверојатни 45.000 долари. Прочитајте за целата историја за…

Што по ѓаволите е “Паткина преса”? 

Ќе ви објасниме, но најнапред една приказна…Tour d’Argent, ресторант со поглед на Сен, доживеал многу промени во својата историја. Отворен од Мишелин, овој ресторант со години собирач бројни рецепти, мебел и ретки ликери. Дури и на аудицијата за модернизација на логото на ресторантот, биле поставени над 3000 предмети кои ги имале во својата колекција. Предметот кој добил најголемо внимание на аукцијата била сребрената паткина преса.

Пресата ја изработил Christofle, познат произведувач на сребрени сетови од садови, па поради тоа се очекувало дека цената на истата ќе стигне до 6000 евра. А, таа пак се продала за 40.000 евра! Пресата се користела за истиснување на крвта и коскената срцевина од патката, и наводно била искористена за со неа да се подготват 1.15 милиони “Canard a la Presse”, откако почнала да се употребува во 1890 година. Се претпоставува дека ова е најскапата преса на светот, иако е тешко да се дојде до статистиката.

Помеѓу останатите предмети кои покренаа внимание, биле и коњаците, особено “Grande Fine Clos du Griffier Cognac”, имајќи на ум дека станува збор за едно од најстарите шишиња коњак (наполнето во 1788 година), а се очекува да достигне цена од 21.000 евра.

“Tour d’Argent” постојано еволуира, и реновирањата кои ги правиме предизвикаа да собереме премногу порцелан, кристал, фино стакло, сребро, како и мебел кој што нам денес не ни е важен” – рече Андре Терејл, сопстевникот на ресторантот. Понатаму, тој додава: “Со новиот визуелен идентитет, сакаме да го донесеме нашиот ресторант во сегашноста, а воедно сочувајќи ја и богатата традиција.”

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement