Можете ли да си го замислите животот, во кој излегувате во дворот пред вашата куќа и се качувате во вашата луксузна јахта, со која го започнувате гламурозното патување низ целиот свет?
Па, судејки според се, има луѓе кои веќе си го приредиле сето тоа сами за себе и кои дефинитивно знаат која е подобрата страна на животот. Една вила во Пукет, која има пет спални соби и приватен паркинг простор за јахти, штотуку е пуштена на пазарот, што за многумина од нас ја отвора вратата во таа луксузна страна на животот.
Со цена од 6,38 милиони долари, оваа вила е дефинитивно сон, а фактот дека се наоѓа во Тајланд само додава на нејзината привлечност. Како една од само шестте резиденции во ограден комплекс, вилата е модерна и визионерска пред сè.
Опкружувањето „Boat Lagoon“ дополнително ја потенцира архитектурата на префинетата вила, која зафаќа површина од околу 200 квадратни метри. Блиската марина и додава на целата приказна урбано чувство, кое не може да се опише. Ве советуваме да ја разгледате нашата галерија и да започнете да замислувате…











