Објавувањето на Pantone колекцијата на бои за тековната година, секогаш претставува возбудливо расположение за сите љубители на дизајнот, но 2016 беше посебно важна бидејќи оние кои одлучуваат за тоа , оваа година ни подготвија навистина пријатно изненадување.
По прв пат во историјата, компанијата избра две бои- кварц розева, како што многумина ја нарекуваат и светло сината боја. Pantone одлуката за избирање на бои , се одлучи за симболична колекција на бои кои се поврзани со нашата култура и кои го отсликуваат нашето расположение и однесување.
Ако сакате да дознаете како овие две бои најдобро би се вклопиле во Ваашиот дом, тогаш Вие сте на вистинското место. За Вас подготвивме пет начини на кои можете да ги користие овие бои за декорација во Вашиот дом, а од нашата галерија сигурно ќе можете да се здобиете со повеќе идеи.
1. ВАШИТЕ ЅИДОВИ НАПРАВЕТЕ ГИ СВЕТЛО СИНИ
Во една статија во весник, компанијата Pantone изјави дека : ,, ја избравме светло сината боја поради тоа што асоцира на нешто лесно и на воздух, а само во небото над нас се чуствува одмор и релаксација, дури и во турбулентните времиња”.
Ефектите кои ги дава светло сината боја за нас не се нешто ново за нас, најдобро е кога тоа не опкружува. Бојадисајте ги ѕидовите во Вашата канцеларија или во спалната соба во севтло сина боја која ќе ви овозможи смирувачка, релаксирачка атмосфера.
2. КОРИСТЕТЕ ЈА Т.Н. КВАРЦ РОЗОВА БОЈА ЗА ДА ГО ИСТАКНЕТЕ ВАШИОТ МЕБЕЛ
Pantone ја избра токму оваа боја заради нејзината царска природа. Секое парче во кварц розова боја одлично би се вклопило во просторот, без оглед дали е тоа софа, трпезариска маса или пак некој орман. Притоа, треба естетски да се вклопи во просторот и стилот на Вашиот мебел, просторот ќе биде исполнет со убавина. Ориентирајте се според тоа дека просторот се фокусира на неутрални нијанси,како што се сивата и белата боја.
3. ОДБЕРЕТЕ ЈА СВЕТЛО СИНАТА КАКО БОЈА КОЈА Е ДЕЛ ОД ТЕКСТИЛОТ КОЈ Е ДЕЛ ОД ВШИОТ МЕБЕЛ
Доколку Вашата желба просторот да го направите со што повеќе елементи кои имаат светло сина боја, тогаш тоа би можеле да го сторите со имплементирање во текстилот од мебелот. Неколку ќебиња, тепих, делови од гарнитурата за седење , можат да обезбедат смирувачки тон. Како и со сите останати прачиња текстил, Вие би сакале разновидност, која ќе Ви помогне просторот да изгледа мошне интересн визуелно.
4. ДОДАДЕТЕ ЈА КВАРЦ РОЗЕВАТА БОЈА НА ЅИДОТ
Доколку елементи на кварц розева боја не се вклопуваат во просторот како што Вие сте замислиле, можете оваа боја да ја додадете на било кој ѕид во собите. Повторно е важно кој ѕид би го одбрале, тоа треба да биде оној ѕид кој служи како централна точка на тој простор.
Истакнете го каминот во дневната соба и бојадисајте го ѕидот во кварц розева боја кој најдобро би влијаел на тоа да се истакне каминот, како би имало најдобар ефект и целта би била постигната.
5. МЕШАЈТЕ ГИ И ВКЛОПЕТЕ ГИ БОИТЕ
Постојат причини зошто токму овие две бои заедно се искомбинирани. Овие две бои заедно во комбинација, создаваат силен и возбудлив контраст и дозволуваат просторот да заживее. Постојат два начини кои ќе Ви помогнат да ги внесете овие две бои во ист дизајн и перфектна хармонија.
Можете да изберете било која од овие две бои и да и дадете можност таа да преовладува во целокупниот дизајн, а од другата боја да има многу малку акценти. На пример, можете светло син двосед да го искомбинирате со кварц розови перничиња, или додадете светло сина кутија која би го зголемила акцентот.
Другата варијанта е подеднакво да ги истакнете и двете бои преку разни детаљи. Исто така овие две бои можат да се содржат на ѕидовите, пронајдете простор за да ставите некоја уметничка слика која ги содржи овие бои или некои други украсни елементи кои сакате да преовладуваат во просторот, но кој ги содржат овие две бои.
Боите Pantone ви овозможуваат Вашиот дом да добие елегантен и современ изглед. Искористете го овој водич како извор на инспирација за најдобро да ги вметнете овие две бои во просторот.























You must be logged in to post a comment Login