Замислете да имате огледало кое би Ве забавувало додека се шминкате или додека се подготвувате за на работа. Ве информира за најновите вести и додека ги четкате забите можете да си погледнете на огледалото некој трејлер за нов филм.
Не е некоја сцена од некој футуристички филм, Кујната, купатилото, дневната соба , со креативен и корисен намештај го прават нашиот дом поубав и поопуштен. Многу поинтересно е да се живее во обични соби со необични детаљи.
Дизајнерот Роберт Гринкофки дизајнирал чудно огледало 2.0 кое користи гласовни команди и користи посебна технологија која ги препознава гестовите и гестикулациите. Два LCD екрани се приклучени позади огледалото со камера која ги открива лицата и има сензори за контрола на движење и микродфон кој го контролира гласот.
Огледалото може да ве забавува со тоа што можете да слушате музика , да емитува видео, и додека се подготвувате за на работа може да ги прочитате најновите вести, да прочитате дел од некоја Ваша омилена книга во електронско издание, бидејќи ова огледало е навистина чудо на технологијата. И како сето ова да не беше доволно, огледалото може да Ви биде потсетник за работите што треба да ги направите, да ви ги прекажува временските услови, и можат да ја контролираат собната температура и да се прилагодува според светлината.
Ова огледало 2.0 ја доби наградата за најдобри технички иновации во областа на опремата за купатила.



You must be logged in to post a comment Login