Тропското невреме Лаура се засили со ниво на ураган во вторникот, откако ги премина топлите води на Мексиканскиот Залив и се движи кон американската крајбрежна област, каде што може да предизвика огромен прилив на бран и да ги поплави цели градови.
Националниот центар за урагани предвидува дека Лаура ќе засили во ураган од трета категорија пред да го погоди копното, со ветрови од 185 километри на час што може да предизвикаат катастрофални штети.
„Во крајна линија е дека силниот ураган ќе го погоди копното кон крајот на средата или раниот четврток“, изјави во вторникот Ед Рапапорт, заменик директор на Националниот центар за урагани.
Речиси сите компјутерски симулации што ги користат метеоролозите покажуваат дека ураганот ќе се засили во текот на следните неколку дена.
Лаура помина покрај Куба откако однесе најмалку 11 животи во Доминиканската Република и Хаити, каде што доведе до прекини на електрична енергија и поплави. Меѓу жртвите е и едно 10-годишно девојче чија куќа била погодена од дрво и мајка и син на кои паднал ѕид над нив.
Според „Гласот на Америка“, метеоролозите сега се насочени кон американскиот брег на Мексиканскиот Залив, каде прилив на бран до 3,4 метри може да ја поплави крајбрежната област од Тексас до Луизијана, објави центарот за урагани.
Покрај тоа, дожд до 38 сантиметри може да падне во некои делови на Луизијана, најавуваат метеоролозите. Позитивната вест за жителите на американскиот брег е дека порано невремето – Марко – значително ослабе.
