Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Ова се идеалните години за стапување во брак, ако не сакате да заврши со развод

Порано жените се венчаваа како тинејџери, а бракот траеше сè додека смртта не ги раздели. Времињата се сменија.

Денес, младите се претежно фокусирани на своите студии и кариера, а бракот и семејниот живот се туркаат во втор план.

Притисокот од општеството врз младите е многу повеќе во насока на стекнување добро универзитетско образование и финансиски стабилна работа, за да можат да ги воспитуваат своите деца на најдобар можен начин.

Бидејќи стана нормално луѓето прво да одат на училиште, а дури потоа да основаат семејство, можно е повеќе емотивно и ментално развиени парови со финансиска стабилност да имаат поголеми шанси да преживеат во среќен брак.

Студија од 2015 година ја поткопува таа теорија. Истражувањата докажаа дека жените кои ќе стапат во брак на 26 години, најверојатно ќе останат со својот партнер.

Ако стапите во брак на возраст од 15 до 20 години, стапката на развод е многу поголема отколку ако се омажите подоцна во животот. Но, не чекајте премногу долго, бидејќи и жените постари од 45 години имаат просечно проблематичен брак.

Според истражувањето, мажите се мажат во просек околу 30-та година, а жените околу 28-та година. Во далечната 1978 година, 59 проценти од возрасните на возраст меѓу 18 и 34 години биле во брак. Но, сега тој процент падна на 29 проценти.

Но, голем број млади живеат заедно подолго пред да стапат во брак. Во 2018 година, 15 проценти од возрасните на возраст меѓу 25 и 34 години живееле со партнер со кој не биле во брак. Оваа форма на заедничко живеење расте и станува сè пошироко распространета во општеството.

Ова доведува до намалување на бројот на млади луѓе кои се во брак.

Ова зголемување на просечната возраст на возрасните кои стапуваат во брак има многу фактори. Многу луѓе се решени да добијат факултетска диплома и да имаат финансиска стабилност пред да стапат во брак.

Фокусот се префрла од лично образование и кариера во семеен живот околу 25-та година од животот. Бројките покажуваат дека вашата идеална возраст е помеѓу 26 и 45 години.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement