Иновации од светот на Chanel
Во Chanel, осмислија иновативен начин како да ги надразнат нашите миризливи сетила! Имено, отсега, покрај типичното шише со шприц и roll-on патувања, Chanel парфемите ќе можете да нанесете со молив. Засега, во оваа форма се достапни само мириси од линијата на парфеми Chance, односно мирисите Chance, Chance Eau Tendre, Chance Eau Vive и Chance Eau Fraîche, но се надеваме дека овој начин на нанесување ќе биде проширен и на други Chanel парфеми, како и на други брендови.

Овој вид парфеми е супер практичен и совршен формат за патување или за во мал beauty несесер што го носиме со себе во нашите ташни секој ден. На официјалната веб-страница на Chanel, можете да ја купите најновата beauty опсесија, комплет од четири Chance мириси во молив, за 80 долари.

