Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Откриваме: Во кое хоби најмногу уживаат најбогатите луѓе во светот

Изборот на ново хоби отсекогаш била забавна активност која ќе ве направи посреќни, бидејќи ви дава можност да откриете дополнителни работи во кои уживате и кои ги сакате…

Во денешно време, исполнето со многу предизвици, а притоа се бара од нас да не излегуваме многу, новото хоби се покажа како одличен начин за убивање на вишокот на време, а воедно да не исполни со позитивна енергија. Се разбира, сите хобиња не се исти – некои практично се бесплатни, додека други се навистина прескапи.

Овој пат, се одлучивме да ви откриеме нешто повеќе за омилените хобиња на славните личности.

Колекционерство

Веројатно секој од нас собира по нешто во текот на својот живот, без разлика дали станува збор за слики од фудбалери, миризлива хартија или салфетки. Сепак, богатите луѓе тоа го прават на поразличен начин – нивните колекции вредат и по неколку милиони долари. Некои од нив уживаат во ретки уметнички дела, вонвременски антиквитети или класични автомобили. Други се посветуваат на предмети во ограничен број, како што се ташни, чевли, часовници или вина.

Спортови на снега

Скијањето и сноубордингот отсекогаш биле неверојатно популарни, а станаа официјална спортска дисциплина пред околу триесетина години. Доколку сте љубители на ладниот период во текот на годината и живеете во близина на планина, веројатно и вие уживате во нив.

Секако, богатите луѓе сето тоа го прават на малку поразличен начин, избирајќи најскапа опрема која е достапна, одење на популарни дестинации во кои само едно ноќевање може да чини и до 10.000 долари. Голем дел од нив кушуваат своја ложа на планините, како што е Роман Абрамовиќ, кој планира да купи дел од Крушевел, омиленото зимско одморалиште во Франција.

Спортови на вода

Едрење, крстарење, рафтинг – спортовите на вода генерално се екстремно популарни помеѓу богатите. Учење на нови вештини е дел од ова ново искуство. Секако, цените на ова хоби варираат.

Кога зборуваме за јахти, изнајмувањето е една од најисплатливите опции, бидејќи поседувањето освен цената на самиот брод, доаќаат и бројни дополнителни трошоци околу одржувањето.

Голф

Уште едно хоби омилено кај богатите луѓе. На многумина од нас, голфот им делува досаден спор, додека други тврдат дека има релаксирачко дејство. Бројни славни и богати луѓе се занимаваат со голф, а воедно се и членови на најекслузивните приватни клубови низ светот.

За прашувате зошто голфот е колку скап?

Па, секако дека цената ја опремата е дел од одговорот. Оние кои сериозно се занимаваат со голф се подготвени да потрошат и мало богатство на сетови – палки и сите пропратни детали. Покрај тоа, термините за голф терените се исто така прескапи, особено доколку сакате да станете дел од некој клуб. За крај, тренирањето голф не е краток процес и може ќе ви бидат потребни и неколку години работа. Тренерите се скапи, а згора на тоа мораме да додадеме и изнајмувањето на термин и опрема.

Патувања

Иако патувањата се достапни за повеќето од нас, сепак многумина од нас немаат можност да ги доживеат некои дестинации. Патувањето од една до друга дестинација и не е така скапа, но одморот може да достигне неверојатен износ. Сместувањето, храната, пијалок во барот, сувенири, карти за различни атракции и останати работи може лесно да ви излезат од планираниот буџет.

Прочитај

Green Tea

Kреативниот директор на марката Dom Perignon , го истражувала Лени Кравиц и неговите нови карактеристики во соработка со оваа куќа од шампањско … Поточно,...

Four Seasons

Дали сакате пауза од сè околу вас – цивилизација, современи уреди, Интернет, работа и луѓе? Имаме совршен предлог за вас … Островот Асатиг е...

Wall Street

Брендот Porsche го воведе моделот 911 Targa 4S Heritage Design Edition, кој доби елементи за дизајн од 1950-тите и 1960-тите, и е првото од...

Cotton Club

Импресивна, но повторно софистицирана колекција што Крис ван Аш ја потпишува за марката Berluti… Очигледно, розите цветаат во марката Berluti. Со креативно водство на...