Постојат мал број инвестиции кои се подобри од квалитетното образование…
Тоа можеби, донекаде го објаснува фактот зашто најдобрите училишта на светот се толку скапоцени во денешно време, а некои кои се наоѓаат на самиот врв на ранг листата, бараат од своите ученици шестоцифрени суми секоја година.
Според истражувањата, дел од најскапите училишта на светот се наоѓаат во Швајцарија, иако многу очекуваат дека главната локација за приватно школување со висока цена ќе биде Британија. Ако ја ставиме на страна географската локација, седумте најскапи училишта на светот ќе ви дадат идеја што всушност плаќате, кога им давате стотици илјади за школарина.
Во галеријата можете да откриете за кои училишта станува збор:
1. Institut Le Rosey – Швајцарија
Цена: 129.192 долари годишно
Што ви овозможуваат највисоките годишни школарини за таа цена? Па, да речеме дека главниот кампус на ова училиште е сместен во средновековен замок, кој се наоѓа во Гштад, со центар за едрење сместен на крајбрежјето на Женевското Езеро. Ова училиште претставува навистина интернационална институција, па така нивното ученичко тело е составено од највеќе 10 % деца од иста земја.

2. Collège Alpin Beau Soleil – Швајцарија
Цена: 129.328 долари годишно
Често сметана за една од најексклузивните образовни установи на светот, во ова училиште се образувале славни имиња, како што се француската глумица и пејачка Шарлот Геинсбург, два принца од Луксембург, принцезата Мери од Данска, и некогашниот шампион во Формула 1, Жак Вилнев. Колку и да е висока нивната шкоаринна, тоа дефинитивно не е крај на приказната. Всушност комплетот униформи ќе ве чини додатни 6.200 долари.

3. Aiglon College – Швајцарија
Цена: 120.463 долари годишно
Ова училиште, сместено на Швајцарските Алпи, на 1.250 метри над Лозана, осмислено е по угледот на традиционалните британски интернати. Основано е во 1949 година од John C. Corlette, кој стекнал искуство предавајќи во училиштето Гордонстоун, кое е сега популарно по образованието на принцот Чарлс. Училиштето Гордонстоун посебен акцент става на активностите на отворено, а токму тоа се случува и во Aiglon College. Учениците секоја година мораат да одат на кампување, пешачење, планинарење и кајакарство.

4. St George’s International School – Швајцарија
Цена: 108.646 долари годишно
Доколку го земеме в предвид името на ова училиште, ќе ни стане јасно дека го основале два дипломци на Оксфорд универзитетот, Lorna Southwell и Osyth Pots. Основано во 1927 година, училиштето е наменето за ученици од сите националности. Тие сакале да створат заедница во која децата ќе растат и ќе се развиваат заедно, избегнувајќи ги на тој начин конфликтите кои ги генерирала и светската војна. Ученичкото тело во ова училиште се состои од 50 националности.

5. Leysin American School – Швајцарија
Цена: 103.254 долари годишно
И покрај името на ова училиште, само 12 % од учениците во него се Американци. Како мултикултурно опкружување, оваа институција е дом за деца од скоро шеесет земји. Одделенијата се поприлично мали, со околу 12 ученици, додека односот ученици спрема наставници е 8:1. Во 2008 година, училиштето го купи Grand Hotel во Лесина, структура која е изградена во 1890 година, и после две години го отвори како додатен дел на кампусот.

6. Collège du Léman – Швајцарија
Цена: 96.475 долари годишно
Кога ќе ги видите десетте хектари преубаво уредено земјиште, кои го опкружуваат ова училиште, донекаде ќе ви биде јасна високата цена на школарината. Сепак неговиот адут не е само идиличната сценографија. Установата има и сала за физичко образование од 5.000 квадрати, додека пак учениците можат да се занимаваат и со едрење, кое ќе ги научи на тимска работа, и лидерство.

7. Brillantmont International School – Швајцарија
Цена: 89.695 долари годишно
Сместено во центарот на Лозана, ова училиште е еден од најстарите швајцарски интернати, основан во 1882 година. Ученичкото тело на ова училиште е релативно мало, со околу 100 ученици во интернатот и 50 ученици кои секојдневно доаѓаат.

