Во хотелот St. Regis, уживањето во хотелот е сигурно обезбедено…
Во овој луксузен имот е најавено отварањето на неговиот Кралски апартман. Како најголем апартман кој зафаќа површина од 913м2 овој кралски апартман се протега на 2 нивоа и ќе биде повисок дури од ,,Астор” салата за танц. Со три спални соби и ценаод 20. 420 долари за една ноќ, овој апартман има дневна соба, трпезарија за 12 лица, работна соба, чардак за релаксација и седење кој е идеален за секоја прилика.
Овој нов апартман е инспириран од вилата на уметности. Тој содржи и елегантни парчиња мебел, како и преубави спирала скали за поврзување на двата спрата. Овој стан Ви нуди панорамски поглед на убавите градини на имотот. Веројатно највеличествен делод овој имот се скалилата кој водат до централниот дел на куполата на хотелот, каде што се наоѓа базенот и местото за седење.
Главната соба за спиење има свое купатило кое на средина има огромна када и од страните има посебни плакари за неа и за него. Другите две соби за спиење имаат посебни купатила со двојни лавабоа. Беспрекорната услуга во текот на Вашиот престој е загарантирана и на располагање имате батлер 24 саати , кој ќе се погрижи за Вашите потреби.
St Regis хотелот во Дубаи, е исто така и дом на првиот прилагоден Бентли апартман, кој е инспириран од беспрекорните модели на Bentley Muslanne. Што се однесува на останатите 52 апартмани во хотелот, Империјал апартманот нуди воздушеста атмосфера, кристални лустри, мермерни бањи и St Regis кревети, кои обезбедуваат удобност, луксуз и комфор на сите свои гости. Другите важни удобности се современите системи на забава, HD TV сетовите, WI-FI интернет и добро опремени мини барови.







You must be logged in to post a comment Login