Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

На продажба вилата на Силвестер Сталоне

Кој би рекол дека Роки има дарба за уредување на ентериер?

Силвестер Сталоне, е еден од најпопуларните и најуспешни актери во светот, кој има направено име за себе во светот на недвижностите, креирајќи величенствени и уникатни проекти, кои се исполнети со елегантен декор и уметност. Едно такво ремек дело, штотуку беше ставено на продажба.

Имотот сместен во Лос Анџелес, кој Сталоне го купи во 2008 година, се наоѓа во луксузниот дел од градот, а може да се купи по цена од 3.35 милиони долари. Вилата има околу 500 метри квадратни со медитерански стил, кој веројатно е поврзан со италијанското потекло на актерот.

Простран и отворен план на просторот се карактеризира со полукружни плафорни и влез и дрвени подови. Дизајниран за забава, просторот содржи угодна дневна соба со камин, пространа кујна со трепезарија, одвоена втора трепезарија која се отвора кон терасата и собата за вино.

Овде се четири спалани соби со пет купатила, а главната спална соба е смесетна на горниот спрак и претставува приказна сама за себе. Таа има телевизор кој се наоѓа над креветот, како и камин, гардеробер, предимензионирано купатило и тераса со спектакуларен поглед кон планината. Во куќата исто така се наоѓаат и слики од Сталоне, кои беа изложени во музеи и галерии ширум светот.

Самиот имот содржи и поток кој практично го сече, заедно со летна кујна, тераса, базен, спа дел и простор за логорски оган.

Спремни сте за селење?

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement